Top
kafe

Навечер не треба да пиете кафе

Многу од нас имаат навика после работното време или пак вечерта да се напијат кафе со своите пријатели. Но, оние кои имаат проблем со несоница или секое утро се будат ненаспани, треба да ја избегнуваат оваа навика.

Повеќе истражувања покажуваат дека ако испиете кафе дури и 6 часа пред спиењето, тоа може да ви го поремети ноќниот одмор и да не бидете свесни за тоа.

Ако пиете кафе половина час пред спиење, ќе ви биде потребно повеќе време да заспиете и нема да успеете да потонете во доволно длабок сон кој е многу потребен.

Без оглед на сите позитивни ефекти кои ги има кафето на нашиот организам, сепак треба да внимаваме и да не го користиме попладне.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *