Top
namirnici-frizider-ilike-mk

Намирници кои не мора да ги чувате во ладилникот

Свежите намирници, односно овошјето и зеленчукот имаат одредено време на зреење и одреден рок на траење. За да се одржи нивната свежина и максимално да се зачуваат нивните нутритивни вредности, потребно е правилно да се чуваат. Одредени намирници треба, а одредени не мора да се чуваат во ладилник.

Помеѓу намирниците кои не мора да се чуваат во ладилник се вбројуваат:

- Домати, диња, лубеница – можеби чувајќи ги во ладилник ќе траат подолго, но со текот на време ќе се раскашават. Во ладилник може да ги чувате само ако се исчистени, излупени и исечени на парчиња.
– Компир – студеното не му штети, но не се препорачува од причина што може да да поприми сладникав вкус.
– Лук и кромид – веќе знаете дека имаат јак мирис, но и тие омекнуваат во ладилник после извесно време.
– Ананас, авокадо, киви – тие кога се надвор од ладилник го завршуваат процесот на зреење и стануваат послатки и посочни.
– Банана – нејзината лушпа брзо потемнува во ладилник, а останата храна ќе поприми од нејзиниот мирис.
– Праски, круши, лимон, лимета – во ладилник траат подолго, но надвор од него побрзо узреваат и остануваат посочни.

Намирници кои морате да ги чувате во ладилник се:
– зелена салата
– морков
– целер
– тиквички
– грозје
– брокула
– шумско овошје
– цреши




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *