Top
Најсекси машки професии

Најсекси машки професии

Постојат одредени професии на мажите кои жените ги доживуваат исклучително секси. И самите ќе потврдат дека едноставно не можат да одолеат на маж во униформа.

  • Пилот
    Самата помисла на небесната височина, но и улогата на Том Круз во “Top Gun” ја прави оваа професија секси во женските очи. Без разлика дали станува збор за класичен или воен пилот, на фантазиите за моќен пилот во елегантна униформа кој управува со тоа летало им нема крај.
  • Спортист
    Мускулестото тело и мотото кое ги води низ животот, „Во здраво тело здрав дух“, за многу жени е неодоливо.
  • Полицаец
    Жените кои сакаат да се чувствуваат сигурно и заштитено секогаш избираат полицаец. Иако тие се обидуваат да бидат самостојни, сепак голем број од нив ќе се согласат дека незаменливо е чувството кога се сакани и чувани од маж во униформа.
  • Пожарникар
    Оваа професија уште одамна изнудува женски воздишки. Силен и заштитнички маж, кој храбро се соочува со својата професија, многу често наоѓа место и во женските фантазии.
  • Доктор
    Уште една униформа која го привлекува вниманието на жените е белиот мантил. Господин во бел мантил симболизира контрола и моќ, што понекогаш на жените им е поважно отколку физичкиот изглед.
  • Адвокат
    Со оваа професија секогаш се поврзува успех, интелигенција и сигурност во комбинација со елегантно одело, пристојна фризура и модни додатоци. А која жена не би посакала успешен маж крај себе?
  • Градинар
    За сексипилноста која ја гледаат жените во оваа професија до некаде се одговорни филмовите во кои богатите жени се загледуваат во младите градинари кои го уредуваат нивниот двор. Самата глетка на млад маж кој работи во градината ги возбудува жените.
  • Шоубизнис
    Актерите и пејачите се многу чест предмет во фантазиите на жените ширум светот. Во оваа категорија на професии има место за сечиј вкус – од романтични мажи до оние опасни злобници.
  • Готвач
    Љубовта оди низ желудникот, а вкусната храна може да ја разбуди страста и посакувањето. За некои жени, мажот кој знае да готви вкусни јадења и знае да изненади со романтична вечера е исклучително привлечен.
  • Фитнес тренер
    Часовите поминати во теретана со секси маж кој има мускулесто тело за жените претставува вистинско задоволство.



Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *