Top
Man flirting for woman

Најлошите машки хороскопски знаци

Многумина велат „Колку луѓе, толку чуда“. Секој човек има различен карактер, но и секој хороскопски знак има свои особености. Според хороскопот, следниве 5 знаци се најлоши машки знаци.

Скорпија
Скорпијата е убедливо еден од најтешките карактери. Овој знак зема сè што сака и кога сака, без да се усогласи со останатите. Има жесток јазик, големо его и воопшто нема намера и желба да отстапува од своите намери. Знаат да бидат многу лоши кон партнерот, дури и злобно љубоморни, опседнати и безмилосни. Кога го казнуваат партнерот, тоа го прават со огромно задоволство. Често се однесуваат кон луѓето како кон свои предмети.

Овен
Мажот роден во знакот на Овен е конфликтна, импулсивна и бескрупулозна личност. Тој не мисли за последиците и може да каже многу погрдни зборови во секунда и да те сруши психички за само за ден. Воопшто не му е гајле за мислењето на луѓето, бидејќи тој е секогаш во право, а според него другите се тие кои не го разбрале, или едноставно грешат. Има огромни барања за сè и кон секого. Тој нема да пројави желба да разговарате со него за било каков проблем. Да се разбереш со Овен е многу тешко, а дури и да успееш, мирот ќе продолжи најмногу 2-3 дена. Потоа повторно тргнува со „роговите“ напред во потрага по нова жртва која начесто е неговата животна сопатничка.

Јарец
Мажите Јарци се исклучително независни, храбри и ги бранат своите ставови до крај. Воопшто не се загрижени дека може да тргнат против нив сите останати. Тврдоглави се и навистина е тешко да ги натерате да направат нешто што не го сакаат.

Риби
Претставниците на хороскопскиот знак Риби се посебни мажи. Тие имаат силно развиена интуиција, но понекогаш паѓаат во таква кома што не слушаат во неа никого и ништо. Водени се од една претерана сомнежливост. По карактер се бунтовници, имаат свое мислење за сè и ако една жена се обиде да ги побие, може и да ја загуби нивната љубов. Мажите Риби или прифаќаат безрезервно една жена, или ја отфрлат категорично. Со нив е тешко да се создаде само пријателство.

Стрелец
Мажот роден во овој знак е романтичен идеалист, кој обожава да го владее светот. Овој маж е одличен, само што не сака да си седи дома и од 12 месеци во годината може да ја топли брачната соба најмногу два, три месеци. Слободољуб и авантуристички настроен, вечен патник, овој маж сака жена која ќе го разбира и прифаќа. Ако сакате маж за сериозна врска, Стрелецот дефинитвно не е за вас. Тој ја цени својата слобода и ќе ја почитува само партнерката која со сигурност нема да му ја одземе. Не смеете да заборавате дека мажот Стрелец сака да љуби, но може да се премисли буквално за една минута, ако му дојде „подобра идеја”.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *