Top
prijateli

Најискрените знаци во Зодијакот

Овие знаци од Зодијакот многу ја ценат искреноста и ќе ви кажат сѐ што мислат во лице, без двоумење.

Стрелец
Стрелецот е најискрениот хороскопски знак. Тие исто така се сметаат за многу добри луѓе кои ги ценат своите пријатели и се многу дарежливи. Знаат да претераат во авантурите. Сепак, тие не го прават тоа за да се направат херој, туку за да го забавуваат друштвото и да создадат одлична атмосфера. Луѓето во овој знак се многу отворени во комуникацијата, а понекогаш и премногу директни. Тие го кажуваат она што прво им паѓа на ум, прашуваат сè што ги интересира. Тие често се однесуваат како деца и негуваат искрена љубопитност.

Овен
По природа се енергични, но не сакаат да трошат енергија на лажење. Поради нивната импулсивност, тие секогаш зборуваат сè отворено и јасно, без да размислуваат дали тоа ќе му наштети некому или не. Искреноста е нивно второ „јас“, затоа никогаш не се двоумат да ја кажат вистината. Нивните брутално искрени зборови лесно можат да навредат друга личност. Нивното однесување и зборови се вистински одраз на нивната личност и многу ретко ќе прикријат како се чувствуваат и што мислат. Тие нема да губат време на луѓе чиј карактер не им одговара.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>