Top
pesimisti

Најголемите песимисти во Зодијакот

Кога станува збор за песимизам, четири хороскопски знаци во Зодијакот убедливо ја поседуваат оваа карактеристика.

Јарец
Вообичаено им е потребно повеќе време за да се отворат и да почнат да веруваат некому, што е една од главните причини зошто се толку цинични. Имаат тенденција да веруваат во најлошото кај луѓето, а ќе го променат мислењето дури кога некој ќе направи нешто сосема спротивно и ќе ја докаже својата добрина, без скриени мотиви. Тие едноставно се родени песимисти. Јарците сметаат дека поголемиот дел од луѓето се мотивирани од личниот интерес, и дека многу ретко прават нешто за да му помогнат на другиот и да го усреќат. Тој секогаш бара причина зошто некој нешто направил, скриени мотиви и лична корист за секој добар чин.

Бик
Ако Бикот биде сведок на некој убав животен настан, ќе почне да вришти. Не станува збор за тоа дека не верува дека другите се среќни, туку им е доста од тоа туѓата среќа да им се турка под нос. Тие не сакаат да се фокусираат на негативното, туку би сакале да видат малку вистински и искрени човечки емоции, а не извежбани реакции и одговори објавени само за да поттикнат љубомора кај другите. На Биковите би им било многу полесно кога луѓето би биле она што се, а не секогаш да глумат среќа.

Девица
Девиците се толку песимистични што тоа влијае дури и кон нивната перцепција за себеси. Не знаат како да се носат со комплиментите, без обзир колку се искрени, па често ги игнорираат, насмевнувајќи се и прекинувајќи го контактот со очите. Едноставно не веруваат дека понекогаш комплиментот е само комплимент, а не начин на манипулација.

Риби
Рибите ретко се смеат и посочувањето на таа нивна карактеристика може да им биде многу непријатно и иритантно. Никој не може да им нареди да се смеат или глумат дека се среќни, ако се чувствуваат добро ќе го покажат тоа, ако се чувствуваат лошо – исто така ќе покажат. Имаат тенденција да не им веруваат на луѓето кои не ја тргаат насмевката од своето лице, па тешко дека некој ќе ги натера да се насмевнат доколку не сакаат.

Скорпија
Припадниците на овој знак сметаат дека луѓето постојано лажат и дека повеќето работи кои им ги кажуваат се глупости. Тие се толку песимистични што во повеќето случаи кога започнуваат разговор уверени се дека соговорникот лаже, без разлика што им говори.

Многу е тешко да пронајдете заеднички јазик со некој кој на луѓето не им верува ниту збор, па поради тоа не ени чудно што Шкорпиите имаат многу малку пријатели, тесен круг на познаници и многу луѓе со кои имале „социјален контакт“.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *