Top
fatalni-horoskopski-kombinacii-iLike-mk

Најфаталните хороскопски комбинации

Многупати се испоставило дека спротивностите се привлекуваат. А, сега и астролозите го потврдуваат тоа. Тие велат дека меѓу двајца припадници на спротивни хороскопски знаци може да се јави врска полна со љубов и силна страст, но и конфликт на интереси.

ОВЕН – ВАГА
Веќе при првата средба овие два знака можат да почувствуваат силна искра. Хемијата ќе ја зголеми сировата енергија и сексуалноста на Овенот, како и суптилниот шарм и префинетост на Вагата. Односот ќе претставува предизвик на кој тешко ќе може да се одолее, но проблемите се јавуваат затоа што пристојното однесување и животот по правила го нервираат Овенот, додека Вагата ќе очајува за да го цивилизира. За да успее врската, потребни се заеднички проекти или активности, затоа што таму нивните особини кои се надополнуваат ќе ги потсетат дека би можеле да функционираат.

БИК – СКОРПИЈА
Ова е многу врела комбинација од самиот почеток. Штом сензуалниот и опуштен Бик ќе се отвори пред Скорпијата и ќе ја види неjзината страст за животот, доаѓа до голема сексуална желба. Ако се спојат, нема да можат да се заситат еден од друг, а конфликтите стануваат неизбежни. На Бикот ќе му здосади да го следи темпото на Скорпијата, а таа смета дека Бикот е премногу опуштен и пасивен. Работите можат да се поправат ако својата страст ја изнесете од спалната соба и се насочите во заеднички дружења со пријателите.

БЛИЗНАЦИ – СТРЕЛЕЦ
Нивната привлечност не е само физичка. Оваа комбинација се привлекува и на ментално ниво. Љубопитните Близнаци и филозофско настроените Стрелци лесно се фасцинираат, па се во состојба да поминуваат часови и часови во меѓусебни разговори и духовити провокации. Сепак, проблемите настануваат кога на Близнаците ќе почне да им оди на нерви ставот на Стрелецот дека тој сè најдобро знае, додека на Стрелците ќе им пречи што Близнаците површно зборуваат и сакаат да озборуваат. Повторно ќе ги спојат меѓусебните авантури – излет во природа и патувањата.

РАК – ЈАРЕЦ
Откако чувствителниот Рак кој е насочен на чувство на сигурност ќе го запознае силниот и доминантен Јарец, ќе се создаде класична привлечна врска помеѓу овие два знака. Сепак, тој привлечен однос може брзо да го изгуби својот шарм бидејќи Ракот чувствува дека Јарецот го игнорира, додека на Јарецот ќе му пречи самостојноста и чувствителноста на Ракот. За да опстане врската, тие треба да се присетат дека не се само обични партнери туку и љубовници. Со разбудувањето на еротскиот дух таа комбинација повторно ќе има смисла.

ЛАВ – ВОДОЛИЈА
Привлечноста скоро експлодира кога кралот на вселената – Лавот, ќе ја запозне единствената Водолија која не се покорува пред ниту еден авторитет. Таа бунтовност го фасцинира Лавот, додека Водолијата се восхитува на неговата способност да ги освои сите луѓе околу себе со харизма. Сепак, Водолијата ќе почне да ја нервира потребата на Лавот за внимание, додека на Лавот ќе му пречи тоа што Водолијата се противи на друштвените конвенции. Врската ќе опстане доколку и двајцата бидат заинтересирани за страствени помирувања во креветот и повремено заедничко повлекување од друштвото.

ДЕВИЦА – РИБИ
Практичните Девици кои сакаат сè во животот да има свој ред и распоред и Рибите кои пливаат низ животот така да се противат на здодевната рутина, прават прилично фатален спој. Нивниот љубовен однос го доживуваат како можност за преуредување на својот живот – Девицата да помогне на Рибите во организацијата, а Рибите да им покажат како да се опуштат. Со текот на времето Девицата замерува на несигурноста на партнерот, а Рибите на тенденцијата на Девицата да контролира и критикува. Односот може да се опушти со голема и секојдневна прилагодливост и чести разговори.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *