Top
Prazen-stomak-iLike-mk

Најдобро се мисли со празен стомак

Научници од Холандија, направиле три посебни експерименти врз група на студенти за да докажат дека гладта влијае при донесувањето одлуки. Во сите експерименти, студентите биле поделени во две групи: сити и гладни. Гладните, десет часа пред тестот не јаделе ништо, додека „ситата“ група добила обилен оброк, а можеле да јадат и пијат колку што сакаат.

Во првите два експерименти, студентите играле една игра со карти, која ги пресликувала комплексните процеси на донесување одлуки во животот. Групите на „гладните“ покажувала подобри резултати од „ситите“ разбирајќи ја подобро шемата на долгорочна полза во однос на краткорочни придобивки.

Резултатите објавени во списанието „ПЛОС Уан“, покажуваат дека луѓето кои се гладни, многу подобро донесуваат комплексни одлуки, за разлика од ситите. Состојбата на глад ја подобрува, а не ја загрозува способноста за донесување на добри одлуки.

Во третиот експеримент на учесниците на тестот им биле поставени многу прашања и од нив се барало да одберат мал износ на пари веднаш или поголема сума во иднина. Гладните почесто се решавале за големите суми во иднина, а ситите одбирале да ги заменат парите веднаш.

Резултатот покажува дека гладта ги потенцира комплексните одлуки со неизвесни резултати, при што гладните поради долгорочна корист успеале да се спротивстават на изборите кој веднаш би им донеле помали награди, заклучиле авторите на истражувањето.

Според авторите на студијата, се чини дека гладните се потпираат на инстинкти кои помагаат во донесувањето комплексни одлуки со несигурни резултати.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *