Top
soprug

Најдобриот сопруг според астрологијата

Eкспертите во областа на астрологијата веруваат дека позицијата на планетите и хороскопскиот знак имаат огромно влијание врз карактерот на луѓето. Токму затоа тие издвојуваат еден знак, кој ако го изберете за ваш сопруг, никогаш нема да се покаете.

Тој ќе ви ги симне ѕвездите. Како сопруг, ги има најдобрите особини од сите знаци во Зодијакот. Некои го опишуваат овој знак како неморален, но ова може да биде вистина само ако се има во предвид неговата силна потреба да го задоволи својот интензивен физички живот.

Тој е благ, добродушен и верен. Токму затоа и никогаш нема да го занемарува својот дом и семејството. Овој маж ги обожава својата сопруга и деца и бескрајно се труди да им ги овозможи најдобрите услови за живот, образование, облека. Многу често се жени со девојка која е со подобар материјален и социјален статус од него, бидејќи е воден од амбицијата да успее и да се движи во повисоки социјални кругови. Но, тоа не значи дека тој нема да даде сè за својата сопруга.

Венера му дава исклучителна смисла за убавина, па токму тоа и допринесува тој секогаш за себе да бара убава и згодна жена. Тој обожава кога другите зависат од него и сакаат кога чувствуваат дека прават сè сами за сопругата и децата. Откако еднаш ќе се ожени, тој многу тешко ќе пристапи на развод.

Дали го имате пронајдено вашиот совршен Бик?




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *