Top
depresija

Денес е најдепресивниот ден во годината

Научниците велат дека третиот понеделник во јануари се смета за најдепресивниот ден во годината и токму денес луѓето се чувствуваат најосамени. Тоа е така поради тоа што финансиската состојба не е баш најдобра по новогодишните празници, а одлуката за новогодишната диета и држењето до зацртаниот режим на исхрана не одат баш по планот. Освен тоа, студеното време многумина држат затворени во четирите ѕида, новогодишната магија веќе помина, а летото се чини премногу далеку.

Овој ден, како таков го утврдил академикот Клиф Арнели во 2005-та година, земајќи го предвид мнозинството фактори кои би можеле да допринесат за депресивност , како што што се состојбата на сметка, времето, стапката на развод и слично. Потоа истражувачите следеле милиони објави на Твитер и откриле дека на овој ден бројот на негативните коментари се зголемува за дури пет пати.

Јануари исто така е традиционалното време за разводи. Адвокатот Варнер Гудмен вели: „Првиот понеделник кога децата се враќаат на училиште е денот кога луѓето најчесто бараат развод на бракот. Најчесто тоа го одложуваат поради Божиќните и новогодишните празници, а на почетокот на јануари се во метеж бидејќи се оптоварени со реализација на новогодишните одлуки.“




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>