Top
Young pensive man sitting by the window sill and looking through it.

Најчестите лаги на мажите

Сите ние знаеме за што се жените не сакаат да зборуваат или умеат да излажат. Но, мора да знаеме дека и мажите не се безгрешни. Во продолжение прочитајте за што најмногу лажат мажите.

За годините
Додека се во тинејџерските години лажат дека се барем пет години постари од што навистина се, но со тек на годините ситуацијата се менува. После триесет лажат дека имаат помалку години од што навистина имаат.

За финансии
Луксузните автомобили и парите се сон на речиси секој маж. Во даден момент се чувствуваат посамоуверено ако спомнат колку се финансиски моќни, бидејќи чувствуваат дека за жал живееме во материјално време.

За килограмите
Како што килограмите се проблем за жените исто така се и за мажите. Оние слабите лажат дека имаат некое кило плус, а полните дека имаат некое кило минус.

За сексуалниот живот
Мислејќи дека ќе ве фасцинира мажот често пати умее да излаже дека спиел со многу жени пред вас.

За големината
Кога маж ќе ви каже точна големина, не му верувајте.

За негата
Често се срамат да кажат колку козметички препарати користат, па може да ве излажат дека не користат ништо друго освен сапун. А и мажите, исто како жените се грижат за својата коса и кожа.

Лажат дека секогаш се расположени за секс
И тие се луѓе, имаат денови кога не им е до ништо дојдено.

Никогаш не биле повредени и изневерени
Оваа лага им е секојдневие. Не е возможно никогаш да не биле повредени.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *