Top
vezbanje

Најчестите комплекси на жените

Многу од жените, а многу често и без причина, имаат комплекси кои се однесуваат на одредени недостатоци на своето тело.

Дебела сум
Незадоволството со сопственото тело е комплекс број еден. Жените се под голем притисок од совршените тела кои ги пласира модниот свет, магазините и филмската индустрија. Нормално е дека во еден период од животот ќе дојдете во ситуација да не можете да изгледате како тинејџерка, па комплексот за дебелина често е неоснован. Мал вишок на стомакот или задникот некогаш може да делува посекси од премногу слабо тело.

Млитава сум и имам целулит
Многу малку жени имаат совршено затегнато тело без грам целулит. Тоа се жени кои вежбаат и се хранат многу здраво. Борбата со целулитот стана мисија на секоја жена, а настанува како резултат на неправилна исхрана, гени, но и недоволна физичка активност. Доколку мислите дека манекенките и познатите личности немаат целулит, сетете се само колку нивните фотографии се преработуваат во фотошоп пред да бидат објавени. Совршено затегнато тело обично ги краси професионалните спортистки и оние дами кои повеќето време го поминуваат вежбајќи и водејќи сметка за исхраната.

Тенот ми е лош
Бојата на кожа главно зависи, како од генетиката така и од она што го јадете. Многу жени се жалат на бледило, жолткаст тен, флеки, пеги и слично. Можеби некогаш не сте свесни дека сите тие мали несовршености многу подобро ги гледате Вие во огледало отколку што е тоа навистина толку забележливо.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *