Top
docnenje

Најчести причини поради кои секогаш доцниме

Доцнењето е една од најиритирачките навики кои многу луѓе го поистоветуваат со недостиг на почит. Иако постојат луѓе кои доцнат само за да се чувствуваат моќно, голем дел од нив тоа го прават и непланирано.

„САМО УШТЕ ОВА“ ЕФЕКТ
Истражувањата покажуваат дека ова е една од главните причини за доцнење. Ако секогаш се обидувате да одговорите само на уште еден меил, уште набрзина да ја дочистите кујната или да го изгледате само уште тоа видео на Јутјуб, тогаш спаѓате во оваа група. Обидете се барем едно од овие нешта да одложите за подоцна и проблемот е решен.

НЕДОСТИГ НА СОН
Oвој сегмент се однесува на раните утрински часови што за оние кои сакаат да спијат повеќе претставува проблем. „Само уште 5 минути“ е реченица со која многу го започнуваат работниот ден, а поради која секое утро брзаат да се подготват и секогаш доцнат. Легнете си порано, па нема да имате проблем да станете на време.

ЛОША ПРОЦЕНКА НА ВРЕМЕТО
„Таму сум за 5, 10 или 15 минути“ е реченица која ја изговараат оние кои доцнат, а која најчесто не е точна. Кога некој ќе ве праша колку време ви е потребно да стигнете на работа или на одредена закажана средба најчесто немате точна претстава и кажувате многу помалку време, а токму затоа доцните.

ЗАБОРАВАЊЕ И РАСЕАНОСТ
Паничната потрага по клучеви, паричник или мобилен телефон неколку секунди пред да излезете од дома или враќањето од пола пат по нив е уште една честа причина за доцнење.

ЛОША ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВРЕМЕ
Една од причините по поради која сè правиме во последен момент, а која резултира со доцнење е лошата организација на времето. Изјавата „Ништо не стигнувам да направам“ најчесто е причинета од лошиот распоред, а не од недостаток на време.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>