Најмоќна комбинација за губење на вишокот килограми и зацврстување на мускулите е плаќање членарина во фитнес центар или теретана, добро друштво и згоден тренер.
Луѓето кои плаќаат за вежбање и тоа го прават во групи постигнуваат и до три пати подобри резултати од оние кои вежбаат сами во своите домови. Ова го покажуваат резултатите од истражување кое било спроведено врз 2000 испитаници.
Вежбањето во тим најмногу ги мотивира луѓето да вложуваат повеќе труд, бидејќи на тој начин себеси и на другите им покажуваат дека можат многу повеќе. Уште поголем мотиватор за понапорен тренинг е и вежбањето со згоден тренер, бидејќи тој е показател како може да изгледате ако се потрудите малку повеќе.
Големо влијание во редовноста игра и плаќањето членарина, бидејќи многу од луѓето не сакаат да пропуштат тренинг за кој платиле однапред.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!