Top

Мрачната страна на Градот на светлината

Во подземјето на француската метропола се наоѓаат морничави катакомби кои ја кријат мрачната историја на Градот на светлината.

Париз има 12 милиони жители, а под него се наоѓа т.н. “француско царство на мртвите” каде се закопани коските на приближно 6 милиони луѓе.



Царството на мртвите настанало во 18 век, кога градските власти одлучиле да ги пренесат остатоците од гробовите во подземните каменоломи поради пренатрупаност на гробиштата. Бројот на телата погребани на париските гробишта и под црквите бил толку голем што тие почнале да ги пробиваат ѕидовите од подрумите на околните куќи. Со преместување на телата во каменоломите тој проблем бил решен.

Париските катакомби се мрежа од тунели со пештери и поранешни каменоломи исполнети со коски и черепи. Тунелите се долги по 17 километри и се наоѓаат на 20 метри од површината. Токму тие се главната причина поради која во најромантичниот град на светот нема високи објекти. Тунелите се протегаат долж улиците и булеварите и не дозволуваат длабоки темели кои би биле основа за високи згради.

Постојат повеќе места од каде љубопитните туристи влегуваат и шетаат по тунелите, но единствениот легален влез за посета на париските катакомби се наоѓа на плоштадот Данфер Рошро.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *