Top
Mrachnata-strana-na-horoskopskite-znaci-iLike-mk

Мрачна страна на хороскопските знаци

Речиси сите статии напишани за хороскопските знаци зборуваат за позитивните аспекти. Но, колку што имаме добри страни, толку имаме и лоши. Во продолжение прочитајте по неколку зборови за лошите особини на знаците од Зодијакот.

ОВЕН
Неговото мото е „Сега, сега и сега!“. Тој е најимпулсивниот знак. Ако идејата не е негова, воопшто не му е гајле за неа. Бидејќи е најмлад знак во Зодијакот, Овенот знае да биде мнооогу незрел.

БИК
Тој е посесивен и материјалист, како да не го учеле од мал дека треба да споделува. Ќе Ви треба многу среќа ако сакате да го натерате да попушти во расправија, бидејќи негова главна карактеристика е тврдоглавоста. Тие се мрзеливи и сакаат да си удоволуваат, па тешко ќе ги натерате да станат од каучот.

БЛИЗНАЦИ
Тие имаат толку многу различни ликови поради што Ве доведуваат до конфузна ситуација. Кога зборувате со Близнаци, не очекувајте да добиете конкретен стаф. Тие обожаваат да се слушаат самите како зборуваат . Поезија, импровизирање со танц, барокна архитектура, компјутерско програмирање -Близнаците имаат толку интересни хобија што им е тешко да се посветат на една работа.

РАК
Не е чудо што нивниот симбол е крабата. Тие се со многу променливо расположение. Тој е претпазлив и плашлив, па може да Ви требаат години да го извадите од неговата безбедна зона. Раковите се толку чувствителни што може да ги навреди и ситница.

ЛАВ
Лавот никогаш не сретнал огледало кое не му се допаднало. Чувајте се од неговиот шарм, бидејќи ако сака нешто од Вас, веројатно ќе го добие. Потребата на Лавот да биде во центарот на вниманието може да биде проблематична. Верувате дека светот се врти околу Лавовите? Тие токму тоа го мислат за себе!

ДЕВИЦА
Внимателно кога се дружите со Девица – не знаете за што ќе Ви суди. Тие се перфекционисти насочени кон деталите, па нема да чујат ни збор од Вашиот муабет ако има искривена слика на ѕидот. Девиците се толкави песимисти што ако малку се разочараат, исто како да дошол крај на светот.

ТЕРЕЗИЈА
Правите планови за вечера со Терезија? Подобро почекајте до појадокот, зашто толку време ќе им треба да ја измерат секоја можна опција. Терезијата ги трга настранаа своите вредности само за да ги задоволи сите други и да има мир. Опседнатоста на Терезијата со убавината значи дека поминува многу време во подотовка и разубавување.

СКОРПИЈА
Не се осмелуваме да и’ згрешиме на Скорпијата. Таа никогаш не заборава и ќе Ви го направи животот вистински пекол. Моќта за манипулација на Скорпиите може сериозно да Ви го наруши менталното здравје. Не постои нешто како едноставно лошо расположение за Скоприја – само бескрајна спирала во длабините на мракот и очајот.

СТРЕЛЕЦ
Стрелците се искрени и отворени до толку што можат да постапат нетактично и да повредат некого. Изразот „сезнајко“ веројатно бил измислен за да се опише Стрелецот. Ако не се работи за некоја нова и возбудлива авантура, на Стрелецот веројатно ќе му биде здодевно.

ЈАРЕЦ
Јарците толку се контролираат што „да се заборавиш“ и „да те понесе нештото“ се сосема туѓи концепти за нив. Јарецот нема да се двоуми да употреби некого во своја корист. Јарците се хранат од негативните работи – краток муабет за нивниот лош ден може лесно да се претвори во широка дискусија за сѐ што тргнало наопаку во нивните животи.

ВОДОЛИЈА
Водолиите се сметаат себеси за објективни и логични, што значи дека брзо судат за некои работи. Тие толку многу живеат во своите глави што понекогаш изгледаат како изолирани и премногу формални. Водолиите едвај чекаат да поделат некој совет, па честопати не разбираат што се обидувате да им кажете.

РИБИ
Ставот „да ве понесе текот на нештата“ кај нив може да се толкува дека им недостига насока на движење. Рибите се тотално занесени, па честопати не ги забележуваат потребите на другите. Иако, Рибите треба да се најстариот и најмудриот знак во Зодијакот, тие се изненадувачки лесноверни.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *