Top
Horoskop-spored-krvnata-grupa-iLike-mk

Медицински хороскоп за жени според крвната група

Овој хороскоп е научно потврден, а составен од страна на медицински лица и астролози. Голем број сексолози и психијатри ширум светот се раководат токму според овој медицински хороскоп.

0 позитив (0+)
Жените од оваа крвна група добро се согласуваат со мажите кои се од крвната група А+, 0+ и 0-. Факт е дека А+ мажите имаат највисоко его, па за да опстанете во врска со маж од оваа крвна група морате да бидете многу цврсти и да имате некој издувен вентил. Жените кои припаѓаат на крвната група 0, се многу дружељубиви, гостопримливи и добри домаќинки, но само додека имаат пари бидејќи жените од оваа група имаат голема страст за пари. Овие жени имаат проблем кога ќе се најдат во финансиска криза, па постануваат арогантни и не можат да се носат со проблемот.

А позитив (А+)
Жените од оваа категорија најмногу се компатибилни со мажите од истата крвна група А+ и А-. Сепак, жените од оваа категорија често паѓаат во замки поставени од мажите кои се АБ крвна група, па со оваа крвна група тие најчесто имаат секс само за една вечер. Сумирано за А+ жените, најдобар избор е А+ и АБ+ маж, нормално ако помеѓу нив се создаде хемија. Овие жени не се многу романтични, но се многу угледни и праведни. Тие ретко го изневеруваат партнерот, го почитуваат и се трудат да создадат хармонија. Жените од оваа категорија го сакаат својот партнер исто како и на почетокот, а и после долгогодишен брак. Овие жени тешко се справуваат со стресот, горди се, но и мошне тврдоглави.

Б позитив (Б+)
Тоа се луѓе родени за движење, во себе развиваат еднаква способност за борба и снаодливост во непредвидени ситуации, како и способност за соживот во мали групи. Поради својата мобилност не се врзуваат за ништо, па им одговара стил на живеење на патник, било да тоа им е дел од работата, или пак да се наоѓаат во таква средина. Да се смени местото на живеење за нив е најлесна работа. Тие се прави истражувачи, сакаат сè што е ново и непознато. Психолошки гледано, жените од оваа крвна група се најинтересни. Наизглед се интровертни, делуваат повлечено и воздржано, но имаат јасно изграден став за своите желби и вредности.
Во професионалниот живот, жените од оваа крвна група, кариерата ја градат врз основа на докажани лични квалитети и напори и никогаш не го истакнуваат натпреварувачкиот дух. Функционираат претежно во тесен круг на свои проверени пријатели на кои се верни.

АБ позитив (АБ+)
На овие жени им е важна забавата и само забавата. Тие не сакаат да се врзуваат, сакаат авантури за една вечер и живот полн со авантури. На овие жени им одговараат сите мажи кои се позитивен RH фактор. Овие жени се многу толерантни, не земаат ништо за сериозно и ретко можат да ви се налутат. Ако сте жена од оваа крвна група значи дека сакате слични мажи на вас со авантуристички дух, а сакате и иновации.

0 негатив (0-)
Тие имаат најмали шанси да останат бремени, а шансите тоа да се случи се најголеми со мажите кои исто така се од 0- група. Тие се специфични и бараат специфични партнери, а со партнери од својата група најдобро се согласуваат. Сепак, кога жената која е 0- ќе ја најде својата сродна душа односно ќе се вљуби, љубовта е многу силна – посилна од било која друга крвна група. Овие жени не го гушат партнерот со љубомора и други обврзувања. Едноставно, го почитуваат и му веруваат. Жените од оваа група се многу поразлични, тие имаат свој став.

А негатив (А-)
Оваа група најмногу се согласува со мажи кои исто така се А-, но може и со АБ-, како и 0- крвна група. Овие жени се многу чувствителни, помалку се љубоморни и сакаат да се врзуваат. Овие жени би можеле многу полесно да се заљубат од било која друга крвна група. Верни се. Кога еднаш ќе пронајдат партнер прават сè од себе да го задржат и многу ретко се причина за раскинување на врската. Сепак, партнер кој најмногу им одговара е партнер кој има потполно иста крвна група.

Б негатив (Б-)
Оваа крвна група одговара со скоро секоја, особено негативните. Од сите крвни групи се смета дека Б- одговара најмногу со АБ-. Овие жени се кариеристи и најдобро би им одговарал исто таков маж. Тие се вредни и посветени на кариерата и целосно го разбираат парнерот кој исто така е посветен на кариерата. Tие се логичарки и ладнокрвни, но знаат да бидат и многу големи љубовџики доколку ја најдат својата сродна душа.

АБ негатив (АБ-)
Толеранцијата е нивниот заштитен знак. Најмногу си одговараат со Б-. Тие не се критички настроени, ги сакаат и почитуваат сите што им помагаат, особено се толерантни кон сите од кои би можеле да имаат некаква корист. Овие жени се смета дека имаат најмал проблем да пронајдат сродна душа. Тие немаат проблем да се заљубат, многу се емотивни, креативни и романтични.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>