Резултатите на една шведска студија покажале дека мажите кои редовно консумираат чоколадо може да го намалат ризикот од мозочен удар. Научниците идентификувале примерок од 37 илјади мажи кои ги следеле 10 години. Мажите кои јаделе најмногу чоколадо или во просек по 1/3 шолја чоколадни парчиња имаат 17% помал ризик од мозочен удар во споредба со мажите кои избегнуваат чоколадо. Претходно спроведените студии веќе покажале дека чоколадото го намалува ризикот од некои болести на срцето и крвните садови.
„Придобивките од консумирање чоколадо и намалувањето на ризикот од мозочен удар се поврзани со флавоноидите во чоколадото“, вели Susanna Larsson од научниот институт во Стокхолм.
Флавоноидите дејствуваат како антиоксиданси и имаат позитивни ефекти врз крвниот притисок, холестеролот и крвните садови.
Неврологот Richard Libman од Њујорк оваа информација сеуште ја смета само како теорија.
Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!