Top
majka-i-kerka

Majките секој ден извршуваат 42 различни задачи

Од вкупно 42 различни задачи кои мајките ги вршат во текот на еден ден, речиси половина ги прават пред 9 часот наутро. 84% од жените ги мачи преголемиот број на обврски, а најмногу стрес им причинува планирањето и готвењето на ручекот.

Во месец септември, кога децата се враќаат во училипните клупи, бројот на обврски расте. Тоа најтешко им паѓа на мајките, бидејќи тие имаат различни задачи, од готвење, чистење, па сѐ до подготовка на децата за во училиште. Голем дел од жените, секојдневно пред да одат на спиење прават листа на обврски за следниот ден. Најголем стрес им причинува готвењето, особено на оние мајки кои готват и по 2 оброци за своите најмили. Дел од задачите кои ги имаат во текот на денот се мали. но одземаат време и енергија. Тие водат грижа за децата, градат кариера, водат домаќинство и слично.

Помеѓу најчестите обврски кои секоја мајка ги прави секој ден се:
– подготовка на појадок
– перење алишта
– подготовка на вечера
– подготовка на оброк за децата за на училиште
– будење на децата
– миење садови
– чистење
– пружање алишта
– пеглање
– чистење со правосмукалка




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *