Top
Maani-na-horoskopskite-znaci-iLike-mk

Секој хороскопски знак има свои маани. Откријте ги вашите!

Секој човек има свои особини со кои ги привлекува или одбива луѓето околу себе.

Исто така, секој човек знае дека не е совршен и дека има свои маани.

Добро би било да ги спознаете своите маани, и потрудете се да направите извесни компромиси:

ОВЕН

  • Имаат импулсивен карактер и треба да знаат како да го намалат изливот на бес
  • Кога сте во врска со Овен понекогаш ќе имате чувство дека сте со некој незрел и наивен тинејџер, а не со возрасна личност
  • Овните сакаат да се впуштаат во нови работи, но не очекувајте дека ќе ги завршат до крај бидејќи лесно им се привлекува вниманието со нешто друго
  • Имаат голем проблем со трпението
  • Многу се себични и со тесни погледи, па не се чудете ако не ги разберат и прифатат вашите амбиции

БИК

  • Биковите се познати по својата тврдоглавост, па затоа немојте да очекувате дека ќе победите во некоја расправија
  • Никако не попуштаат
  • Нивните потреби се секогаш поважни од вашите
  • Ужасно се здодевни
  • Тешко се отвораат емотивно, па не можете од нив да очекувате да ги поделат своите грижи

БЛИЗНАЦИ

  • Непослушни личности
  • Секој ден е нов предизвик бидејќи не знаете како ќе бидат расположени
  • Слаткоречиви се и многу ветуваат, но сè останува само на зборови
  • Брзо се заситуваат од сè
  • Да се живее со Близнак значи да се живее со полу завршени проекти и идеи

РАК

  • Нивните промени на расположението се исцрпувачки
  • Раковите се склони на навредување, но не и на преземање одговорност за последиците
  • Наметливи се и несамостојни
  • Може да ве запросат уште на вториот состанок
  • Животот со Раковите може да биде прилично досаден бидејќи тешко може да ги наговорите да одите на некое патување или за некаква авантура

ЛАВ

  • Никогаш нема да чувствувате целосна сигурност во врскаат со нив, бидејќи се склони на флерт со кој било и каде било
  • Никогаш нема да ве сака вас повеќе од својот одраз во огледалото
  • Ниеден Лав никогаш не признал дека не бил во право
  • Нивната палавост е непријатна
  • Мора секогаш да бидат во центарот на вниманието, па покрај нив секогаш ќе бидете по малку во сенка

ДЕВИЦА

  • Склони се кон осудување и претерани критики
  • Животот со Девица значи дека секогаш вие ќе треба да го направите првиот чекор
  • Превртливи се
  • Несигурноста им е вродена, а тоа воопшто не е секси
  • Ако случајно оставите валкана чаша во мијалникот и си заминете, долго ќе ве потсетува на таа несмасност

ТЕРЕЗИЈА

  • Никогаш нема да знаете што навистина мислат бидејќи тие ќе ви го кажат само она што сакате да го слушнете
  • Донесувањето одлуки трае со часови
  • Во секој момент може да ви го свртат грбот без предупредување
  • Опседнати се со физичката убавина
  • Им недостасува силна волја

СКОРПИЈА

  • Љубомората е далеку позната за Скорпиите
  • Никогаш нема да знаете што точно чувствува, бидејќи знае вешто да манипулира и со своите и со вашите емоции
  • Подготвени се да ве повредат како никој дотогаш
  • Лажливи се и таинствени
  • Малите караници редовно се претвораат во огромни драми

СТРЕЛЕЦ

  • Стрелците се најлоши слушатели од сите знаци
  • Забавата им е единствено постојано нешто во мислите 24/7, а ако ја немаат непрестано се жалат
  • Тие знаат апсолутно сè, така што тешко прифаќаат да им кажувате нешто ново
  • Доминантни се и склони на контролирање
  • Често се невнимателни за туѓите чувства

ЈАРЕЦ

  • Нивен приоритет е работата и тоа јасно ќе ви го стават на знаење
  • Опседнати со контрола
  • Сè што прават, прават исклучиво за себе без грижа дали ќе ве повредат
  • Сакаат рутини, па врската со нив е малку досадна
  • Затворени се зад своите ѕидови

ВОДОЛИЈА

  • Животот го живеат во својата глава, па често се отсутни
  • Тие знаат најдобро, па често ќе ви даваат инструкции
  • На состаноците ретко ќе бидете сами, бидејќи најмногу од сè сакаат друштво
  • Сакаат однапред да донесуваат одлуки, заклучоци и осуди
  • Секогаш ќе знаете што мислат, но ретко и што чувствуваат

РИБИ

  • На Рибите им треба многу простор
  • Не можете да ги наговорите да направат нешто што не сакаат
  • Ретко кога знаат што сакаат од животот
  • Рибите ќе ги жртвуваат своите емоции и потреби за поквалитетна врска, но подоцна ќе ви префрлаат за тоа
  • Ја идеализираат секоја своја врска, па од вас се очекува да ги исполните нивните фантазии за совршенство



Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *