Top
Лошите девојки се попривлечни

Лошите девојки се попривлечни за посилниот пол

Сигурно до сега сте слушнале дека добрите девојки одат во рајот, а лошите каде што сакаат. Епа не само што одат каде сакаат туку го имаат секој фраер кој ќе го посакаат. А, момците ги обожаваат лошите девојки! Изгледа тие навистина подобро поминуваат во животот од добрите девојки. Постојат многу причини, но всушност се работи за целата таа неизвесност која ги тера момците да се „лепат“ на нив како магнет. Што им е друго привлечно?

Мислат дека се подобри во кревет
Момците мислат дека лошите девојки често екпериментираат во кревет, што и не мора да биде вистина.

Излегувањето е позабавно
Момците ги сакаат дружењата со лошите девојки, бидејќи никогаш не знаат како ќе заврши пијачката со нив. Ова им е попривлечно, отколку гледање романтична комедија во сабота навечер.

Имаат свои интереси
Овие девојки не се зависни од момците. Не чекаат цел ден до телефон да им се јави тој што треба. Тие имаат свои интереси, став и пријателки. Ова многу им се допаѓа на момците.

Имаат подобра смисла за хумор
Момците не пазат што зборуваат пред лошите девојки, бидејќи тие секогаш се смеат па дури и на непримерните шали. Во такво друштво момците полесно се опуштаат и се чувствуваат подобро.

Повеќе ги разбираат момците
Баш поради тоа што се слични на нив, лошата девојка може да им биде и пријателка. Таа не ги сака романтичните вечери, туку повеќе би отишла на натпревар, пиво или било што друго.

Обидете се да бидете добра девојка, но да ги разбирате момците, да се смеете на нивните шеги, но сепак да имате време за сите други интереси во вашиот живот.

Автор: Ивана Витановска




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>