Top
ljuboven

Љубовен хороскоп за април

Слободните Водолии во текот на април ќе уживаат во целост, додека на Девиците ќе им се врати некој од минато…

Овен
Ако подолго време сте сами, во текот на овој месец нема потреба да се грижите. Април ќе биде време кога нема да знаете што да правите со бројните прилики кои буквално пред вас ќе се појавуваат. Личност родена во знак Лав би била одлична комбинација за авантура, а подоцна и за сериозна врска. Препуштете им се на чувствата но не занемарувајте ја и својата интуиција.

Бик
Април е ваш месец бидејќи токму во него на поранешните ќе им покажете колку ви е подобро без нив. Овој месец вашата силна личност, став и неодолив шарм ќе бидат во прв план и едноставно ќе бидете во центарот на вниманието. Ако веќе подолго време сте сами, на еден Овен слободно кажете му ДА без да размислувате.

Близнаци
Близнаците секогаш го добиваат она што го сакаат, а на почетокот на пролетта сакаат еден од огнените знаци. Со оглед на тоа дека флертот е ваше второ име, треба да го искористите и да заведете личност родена во знакот Лав или Стрелец.

Рак
Романтичните Ракови не мораат повеќе да чекаат, бидејќи пролетта и месец април ќе ги исполни сите нивни очекувања кога љубовта е во прашање. Полето на љубовта во целост ќе им се отвори на средина на април кога ќе запознаат интересна личност.

Лав
Убавото време нема да ги смири огнените Лавови, напротив тие ќе бидат склони на флерт и љубовни авантури повеќе од обично. Оние припадници на овој знак кои веќе подолго време се сами конечно ќе ја запознаат личноста поради која пеперутките во стомакот повторно ќе проработат. Девица или Скорпија ќе бидат одличен избор за врска или авантура.

Девица
Можеби сте се плашеле дека можеби ќе се сретнете со некој од вашето минато, а токму тоа ќе ви се случи во месец април. Размислете дали тоа можеби не е нешто што сте го очекувале и на што сте се надевале. Инаку овој месец е подобро да останете сингл и да уживате во слободата, бидејќи еден лош избор може повторно да ве врати на проблемите.

Вага
Овој месец ви носи млада личност на која тешко ќе и одолеете. Опуштете се и не грижете се бидејќи конечно пристигнуваат вашите пет минути. На Вагите кои се во врска ѕвездите им препорачуваат конечно да соберат храброст и да кажат „ДА“ за заедничките планови поврзани со иднината.

Скорпија
Страствените Скорпии долго ги чекаа своите пет минути кога станува збор за љубовта… Токму сега можат да се ослободат бидејќи овој месец ќе оди сѐ по нивниот план. Без разлика на статусот Скорпиите ќе уживаат во вниманието на спротивниот пол толку многу што ќе летаат искри. Најдобро е да се сконцентрирате на личност во знакот Лав или Јарец со кој ве чекаат убави моменти.

Стрелец
Април на слободните Стрелци ќе им донесе многу позитивна енергија кога љубовта е во прашање. Токму затоа оваа пролет можат да паднат во замка на забранета љубов. Април за вас подготви многу предизвици и нови ситуации кои мора да ги искористите на вистинскиот начин.

Јарец
Јарците мора да бидат трпеливи и да го почекаат своето време за љубов. Април е месец кога ќе се опоравувате и ќе лечите стари емотивни рани и ќе се подготвувате за нова животна епоха. Ѕвездите советуваат да не брзате и да носите нагли одлуки поврзани со љубовниот статус.

Водолија
Слободните Водолии во текот на април ќе уживаат во целост. Убавото време, добрата енергија и љубовниот занес ќе ги покрене и конечно ќе му ги признаат своите чувства на еден од огнените знаци. Најдобро од се што поради внатрешна сила и позитивните вибрации нема да се плашите од одбивање.

Риби
Емотивните Риби во текот на овој месец ќе се соочат со многу искушенија. Најпрво добро ќе се запрашаат дали да дадат шанса на поранешната врска или подобро е да излезат на ветената пијачка со личноста во хороскопски знак Скорпија. Што и да изберете драги Риби, не мора да се плашите од исходот. Април е месец кој ќе ве поштеди од разочарувања и емотивни рани.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *