Top
happiness_love_kiss-1280x768

Љубовен хороскоп за 2017 година

ОВЕН
Ова е година за вас! Ако сте задоволни од врската во која сте, тогаш вашата врска ќе стане посилна и повозбудлива. Ќе бидете почувствителни отколку што сте и полесно ќе ги изразувате чувствата кон партнерот. Комуникацијата ќе биде пријатна, но нема само да разговарате! Ова е многу страствена година. На овој или оној начин, вашиот љубовен живот ќе биде прилично зачинет. Ако сте сами, ќе запознаете нова личност. Ќе излегувате на нови места и ќе уживате во дружењето и новите познанства.
Доколку сакате принова во семејството, оваа година вашата желба може да се оствари. Ако, сепак, тоа не го сакате сега-засега, превземете ги потребните мерки. Повеќе ќе се движите и ќе имате повеќе прилики да “кликнете” со некого.
Ако го имате тоа добро претчувство, не двоумете се и тргнете во акција. Накратко, оваа година ќе запознаете многу нови луѓе и ќе склопите многу пријателства, а можеби ќе бидете и подготвени за стапување во брачните води. Овенот ќе биде подготвен за брак или за силна љубовна врска во јули и август.

БИК
Ако барате љубов, тогаш ова е вашата среќна година! Љубовта ќе биде главна тема во поголемиот период од 2017. Ако сте во врска, ситуацијата ќе стане сериозна. Поврзаноста со партнерот ќе биде посилна или ќе пробате нови работи. Година одлична за бременост. Ако сакате успешна врска, тогаш ќе морате повеќе да ги изразувате чувствата. Единствено на тој начин ќе се поврзете со партнерот.
Ако не сте во врска, тогаш ова е вистинска година да започнете нова. Ви се советува да ги посетите местата кои ве привлекуваат и интересираат, затоа што на тој начин ќе ја запознаете личноста со слични интересирања. Можеби ќе најдете и ново хоби. Вашата привлечност и љубовна енергија ќе бидат најмоќни во текот на јули.

БЛИЗНАЦИ
Во текот на 2017 година може да очекувате подобрување на односите со другите. Ова е поволен период за љубов, особено ако не сте во врска. Не ја барајте новата љубов меѓу пријателите. Попрво би се родила љубов со некој кој моментално не го познавате. Не се плашете да излезете од вашата комфорна зона. Излегувајте на што повеќе нови места. Љубов на прв поглед е она што може да се случи. Тоа ќе биде страствена врска. Време е за нови и возбудливи нешта. Збогувајте се со рутината.
Ако сте во врска, очекувајте го неочекуваното! Можеби ќе добиете принова. Можеби ќе бидете нервозни поради сите промени во врската, но сето тоа води кон подобро. Исто така, во новата 2017 ќе остварите нови пријателства.
Ќе бидете подготвени на посериозни љубовни одлуки веќе на почетокот на март.

РАК
Во текот на 2017 година, со зголемената интелектуална и физичка сила ќе бидете повеќе страствени и во љубовта. Ако сте во врска, тогаш подгответе се за најдоброто! Во врската ќе се разбуди оганот на страста и ќе се сакате повеќе отколку порано. Работите можеби ќе се одвиваат брзо, како бременост, но не грижете се! За вас предвидувањата се двојно одлични, ќе уживате со партнерот ако едноставно дозволите да биде што ќе биде. Ако не сте во врска, тогаш ќе најдете нова љубов во 2017 година.
Возможно е да прифатите повеќе состаноци отколку што обично би прифатиле. Пред вас се низа можности. Тоа води кон нешто убаво и немојте да се плашите да пробате нови нешта или нова личност.
Ќе бидете повеќе друштвени и ако сакате да склопите нови пријателства, движете се на нови места и во оние места што ве привлекуваат. Ќе запознаете личности со кои ќе најдете заеднички интереси. Најдобри месеци за љубов и романса ќе бидат мај, октомври и декември.
Ви претстои уживање во заедничкиот живот и во сериозните врски.

ЛАВ
Ќе ви изгледа дека ситуацијата се одвива споро, но оди на подобро. Ако сте во врска, таа ќе стане сериозна или вие посериозно ќе гледате на вашиот однос. Ако сте планирале бременост, одвоете време да размислите за тоа. Доколку се гледате со некого заради забава, може да се одлучите за заеднички живот или веридба! Ако сте верени, може да се одлучите за стапување во брак. Ако сте во брак, може да се одлучите за принова или селидба.
На еден или друг начин, во 2017 година ќе ги продлабочите вашите односи, затоа што во текот на годината ќе научите нешто повеќе и ќе тежнеете подобро да го запознаете партнерот, па и себе си. Повеќето време љубовниот живот ќе ви биде во прв план.
Но, на крајот на годината поверојатно е дека ќе ве интересира забава, дружење со пријателите и излегувања. Кој знае, можеби односот со еден пријател (или пријателка) ќе се продлабочи и ќе се претвори во нешто повеќе, доколку не сте во врска.
Големо отварање во мај – простор, енергија, живот! Да, и емотивниот живот!

ДЕВИЦА
Оваа година ќе бидете повеќе подготвени за влегување во нова врска. Можеби се работи за пријателска или љубовна врска. Тоа може ви изгледа необично, но секако е дел од зголемувањето на вашата енергија. Младите двојки може да се соочат со потешкотии поради желбите да се импресионираат еден со друг.
Ако сте во врска, работите ќе ги гледате посериозно и чувството ќе биде поинтензивно. Накратко, сè може ќе ви изгледа поинакво. Дали промената ќе биде на подобро или на полошо, сè зависи од тоа како ќе се соочите со промените. Можеби принова ќе донесе големи промени во вашиот однос.
Старите парови ќе сакаат да пробаат нешто ново. Можеби се работи за селидба, наоѓање нова работа или одмор. Време е за остварување на промена во вашата врска. Во текот на 2017 година пријателствата ќе станат поцврсти и, доколку не сте во врска, не е невозожно да почнете да излегувате со пријател/ка.
Април 2017 година ќе биде вистинско време да го изговорите она вистинското ’те сакам’! Дефинитвно ова е година која ви носи нови почетоци и среќа во животот.

ВАГА
Ова е година на нов почеток. Ако сте сами, тогаш ова е ваша година во која ќе ја пронајдете вистинската љубов! Ќе имате повеќе доверба во себе, што ќе ви помогне во флертувањет со личноста која ве привлекува. Ако сте ја прекинале врската, време е да продолжите понатаму. Не можете да влезете во нова врска доколкку сте окупирани со некого. За оние кои се во врска, советот е да се потрудат да ја постигнат рамнотежата во односите. Потрудете се ја да ја разбудите страста, да бидете романтични, но исто така мора да го препознаете моментот кога мора да се смирите и да му дадете простор на партнерот.
Не сомневајте се во партнерот, затоа што тогаш и тој ќе се сомнева во вас. Во оваа година може да планирате бременост. Доколку сакате нов пријател/ка или нова љубов, тогаш е време да почнете повеќе да се движите и да им пристапите на оние што не ги знаете. Идеални месеци за љубовниот живот ќе бидат јули, октомври и декември.

ШКОРПИЈА
Ако не сте во врска, во 2017 година ќе најдете нова љубов. Но, ќе морате да излезете од вашата комфорна зона. Ако сакате да запознаете нови личности, пробајте нови работи, посетете нови места. Бидете поотворени и помалку таинствени, затоа што тоа ќе ви помогне во склопување на нови пријателства и пронаоѓање партнер. Ако сте во врска, пробајте да бидете поотворени со партнерот. Тогаш шансите за постигнување компромис се поголеми. Потрудете се на партнерот да му ги објасните своите потреби и желби. Исто така, слушајте го партнерот додека зборува за да ги сфатите неговите/нејзините потреби и желби. Разговарајте за сè отворено. Сè ќе биде повеќе од подобро ако постои рамнотежа. Без оглед на тоа дали се работи за стара или нова врска, в кревет ќе биде возбудливо и страствено. Ако сакате нови пријатели во својот живот, зачленете се во некој клуб или друштво, во зависност од вашите интереси. Тоа е одличен начин да се занимавате со работите кои ги сакате и да запознаете личности кои споделуваат исти нешта. Љубовните предизвици доаѓаат во август! Бидете внимателни, прашајте се повеќепати – дали е тоа – ОНА вистинското? Ова е година на силни чувства и желба за романитчна љубов.

СТРЕЛЕЦ
Со силната ментална сила, доаѓаат и силните чувства. Додека донесувањето на професионални одлуки ќе биде тешко, одлуките врзани за љубовниот живот ќе ги донесувате многу полесно. Следете го своето срце! Ако сте сами, тогаш ова е вашето време за превземање акција. Бидете спонтани! Може да се случи со бившиот партнер повторно влезете во врска. Ако сте во врска, тогаш изненадете го партнерот. Покажете страст и ќе ви биде повозбудливо. Не размислувајте за минатото, сконцентрирајте се на сегашниот момент и дајте сè од себе да ви биде подобро. Ќе размислувате за принова. Кога се во прашање пријателските односи, бидете искрени. Немојте да се трудите да оставите силен впечаток на личностите за кои не се грижите. Бидете искрени кон себе и кон пријателите и шансите за зацврстување на пријателските односи се поголеми. Бидете внимателни – во март се исполнуваат вашите најдлабоки љубовни желби, па затоа припазете што посакувате!

ЈАРЕЦ
Ако сте во врска, мирната атмосфера ќе продолжи и понатаму во 2017 година. Ви се советува да ги прифатите грешките што сте ги направиле. Признајте и дека имате помалку енергија од партнерот и потрудете се да направите компромис, за да биде подобро за двајцата. Љубовта нема да ви биде во прв план во текот на 2017. Ако не сте во врска, тогаш ќе морате да се потрудите да влезете во нова. Но, тоа значи дека ќе мора да поработите и на себе. Ќе мора да се поврзете со своите чувства и да покажете искрени емоции ако сакате да најдете партнер. Истото се однесува и за склопување нови пријателства. Јуни и јули – тоа се месеците кога можеби ќе застанете на “лудиот камен”! Година на силна врска помеѓу љубовта и пријателството.

ВОДОЛИЈА
Ако сте во пријателска или љубовна врска, вашите емоции ќе станат посилни кон пријателот/пријателката или кон партнерот. Ако се работи за пријателски однос, тоа значи дека ќе почнете да излегувате со пријател/ка и вашиот однос ќе премине на следно, повисоко ниво. До сега сте биле спонтани и опуштени, но оваа година ќе станете посериозни во врската. Дружете се со личности кои сакаат исти работи како и вие. Семејството ќе ви биде многу важно оваа година. Членовите на семејството може да ви помогнат околу изборот и проценат дали некој е добар за вас или не. Ќе размислувате за принова. Сè додека знаете точно што сакате, ќе уживате во друштвениот и љубовниот живот. Март ќе донесе пресврт – ќе дознаете дали вашите романтични соништа се засновани на фантазија или реалност.

РИБИ
Во текот на 2017 година ќе бидете почувствителни и отворено ќе го покажете тоа што го чувствувате, дури и кон новите личности во вашиот живот. Тоа ќе привлече повеќе личности во вашиот живот оваа година. Ако сте слободни, веќе на почетокот на годината ќе најдете партнер или партнерка. Можеби ќе имате повеќе мали, но возбудливи авантури. Ако сте во врска, време е за промени. Со пратнерот пробајте нови нешта за да ја разбудите страста. Романтично патување е добра идеја. Немојте ништо да пропуштате, протрудете се да уживате во секој момент. Ова е добра година и за планирање на бременост. Некои од вас ќе почнат да излегуваат со пријател/ка и пријателскиот однос ќе прерасне во љубовен. Вешите емоции ќе бидат ставени на тест во февруари и септември – чувајте се од преголеми очекувања.

Извор: ВЕЧЕР




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>