Лимонот е еден од најдостапните плодови и го има во текот на целата година. Богат е со витамин Ц кој го подобрува имунолошкиот систем, а има и неколку други важни придобивки од неговата употреба или консумација.
• Добар е за регулација на притисокот и за прочистување на крвта од насобрани токсини.
• Помага при вртоглавици.
• Позитивно влијае на расположението и ослободува од стрес.
• Ја враќа енергијата по напорен тренинг.
• Ги намалува проблемите со респираторниот систем и е особено корисен за луѓето кои страдаат од астма.
• Бидејќи е природен диуретик, спречува трупање на отрови во организмот и штити од воспаленија.
• Одличен е како антисептик. Гаргара со лимон ќе ве спаси од бактериите во устата и ќе ви обезбеди свеж здив.
• Помага при мамурлак. Само напијте се една чаша цеден сок од лимон.
• Лимонот е и одлично средство за дезинфекции на рани. Неколку капки лимон ќе ја дезинфицираат малата рана и ќе го запрат крварењето.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!