Top
leto

Летен хороскоп

На прагот на летото, прочитајте што ве очекува ова лето, според хороскопскиот знак во кој сте родени.

Овен
Летните месеци ви се потполно наклонети, единствено во текот на јуни ќе бидете мирни и бавни, но ситуацијата се менува во првите денови од јули. Оние кои се во врска после 15 јули можеби ќе добијат некоја љубовна или професионалена понуда која тешко ќе можат да ја одбијат. Идеално време за одмор е почетокот на август кога полни со елан ќе сакаат недела или две потполно да се посветат на саканата личност или драгите луѓе.

Бик
Летото е време кога треба да излезете од зона на комфорот. Сакате нова работа, нова љубов или било каква промена. Сега е време да направите крупен чекор кој ќе влијае на вашата иднина. Првите недели од јули ви се идеални за одмор за да ги наполните батериите за возбудливиот остаток од летото! Една Водолија веќе подолго време ја сака вашата наклонетост, можеби август ќе биде време конечно да попуштите и да почнете една авантура.

Близнаци
Јуни е ваш месец, но во текот на овој период ништо битно нема да се заврши. За вас летото ќе ви биде исклучиво за одмор, релаксација и собирање на енергија за почеток на есента кога ве очекуваат важни одлуки и проекти. Кога е љубовта во прашање, август ви е наклонет, особено за слободните. Идеален спој за вас е Лавот, а во текот на август можете да имате прекрасни заеднички моменти.

Рак
Летото што е пред вас е идеален период да ги смирите минатото и сегашноста. Почнете од половината на јуни полека да го чистите својот живот. На негативните луѓе конечно затворете им ја вратата и пружете и прилика на личноста која долго време ви ја покажува својата наклоност. Во август не го пропуштајте бизнисот кој можеби ќе ви го отвори патот за во странство.

Лав
Летните месеци се створени за вас. Сјаете во речиси секоја ситуација, но обидете се ова лето да го поделите тоа место и со луѓето околу вас. Доколку е некако можно обидете се да одолеете на искушенијата и бидете верни на вашата љубов (ако сте во врска). Слободните ќе имаат толку прилики што ќе им биде тешко да одлучат. Половина на август ќе биде идеална за одомор, а негде на отворено море ќе ги сумирате впечатоците од изминатите месеци.

Девица
Девици, време е да прикочите и да се опуштите бидејќи не морате секогаш да бидете совршени и упатени, особено не овој јуни. Јули и август ќе ви бидат по наклонети па сите важни одлуки сочувајте ги за тој период. Една вага не ви дава мир, а вие ќе бидете во искушение по 15 јули да се запрашате да ли е таа тука со причина.

Вага
Јуни е вистинско време да се заинтересирате за својот љубовен живот! Ако подолго време сте биле сами, опуштете се и пружете и прилика на личноста која во повеќе наврати ви ги покажала своите искрени чувства. Во текот на јули можни се кавги со партнерот или повик од минатото кој ќе внесе немир во вашата до тогаш мирна врска.

Скорпија
Време е да научите по нешто од близнаците и нивната енергија особено во текот на ова лето. Немојте да се затварате во себе дружете се и размислете да ли конечно да кажете „ДА“ на личноста која веќе подолго време ви ги покажува своите искрени чувства. Јули е вистински месец за да ставите точка на некои минати љубови, но и на работата која повеќе не ги задоволува вашите потреби. Не плашате се ова лето да направите радикални промени во вашиот живот бидејќи имате потполна поддршка од ѕвездите!

Стрелец
Вие едвај го чекате летото за да вашата дива природа излезе на виделина! И ако јуни ќе делува мирно и здодевно, веќе во првата половина на јули се менува ситуацијата и нема да можете да ја изберете најдобрата понуда (како деловна така и љубовна). Особа во знак на Бик отворени ви ги покажува своите намери, а доколку бидете во контакт до почеток на јули, можеби вашиот однос ќе прерасне во нешто повеќе. Чекајте го крајот на август и одберете ја дестинацијата за одмор, бидејќи на вас всушност одмор и не ви треба!

Јарец
Среќа за вас во јуни се се врти околу задоволство и играње. Нема да можете да се воздржите од своите љубовни желби и ќе бидете во дилема кого да изберете. Водете сметка на некого да не му ги повредите чувствата. Јули е резервиран за одмор и донесување на важни планови за иднината. Доколку веќе подолго време планирате одење во странство, не ја чекајте есента туку од август тргнете во акција.

Водолија
Зафатените овој јули ќе уживаат во наклоноста на саканата особа и дефинитивно ќе размислуваат или за заеднички живот или за проширување на семејството. Не дозволете плановите и идилата да ви ги расипе некој од минатото со кој се уште не сте завршиле. Идеален период за одмор е почеток на септември, кога ќе ги завршите сите деловни обврски кои ова лето ќе ги имате многу.

Риби
Малку сте отсутни во последно време. Не се грижете поради тоа бидејќи крај на јуни носи поволни аспекти. Во јули ќе биде време да испланирате некој вид на бегство, затоа до тогаш прегледајте ги сите дестинации и резервирајте го вашиот одмор. Не мора да биде далеку или екстравагантно, само да ви одговара. Можна е фатална средба баш на одморот со еден огнен знак.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *