Освен за ноктите, лакот за нокти може многу да се најде во домаќинството и секојдневието, воопшто. Еве неколку алтернативни примени на лакот за бојадисување нокти:
- Зацврстување на штрафови
Навоите на разлабавениот штраф премачајте ги со безбоен лак за нокти, па потоа заштрафете. Не само што заштрафувањето ќе биде посилно, туку и ќе го заштитите самиот штраф од рѓосување. - Заштита на накитот
Накитот од бижутерија многу брзо потемнува, но има решение и за тоа. Премачкајте го накитот со безбоен лак за нокти и оневозможете го потемнувањето. - Залепете плико
Не сте сигурни дали лепливиот слој на писмото е добар? Едноставно залепете го пликото со лак за нокти. - Не ги фрлајте старите закачалки
Ако пластичните или дрвени закачалки ви ја кинат облеката, критичното место премачкајте го со лак за нокти. Со тоа ќе ја измазните површината и ќе избегнете кинење на осетливите парчиња облека. - Спасете ги хулахопките
Доколу хулахопките почнат да ви се кинат, веднаш на местото ставете малку лак за нокти.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!