Top
prijatelki

Лаги кои жените си ги кажуваат меѓу себе

Многу често жените во комуникацијата меѓу себе се служат со мали лаги, особено кога треба да утешат некоја своја пријателка.

„Тој не вреди“
Понекогаш навистина е така, но бидејќи таа е одбиена, нема како да дознае дали навистина е така.

„Добро изгледаш“
Ова во превод значи „Не се враќај да се пресоблекуваш, немам трпение да те чекам“.

„Ќе ти се јави“
Во овој случај, тие сакаат да ја сменат темата бидејќи веќе им е здодевно да слушаат како се жалите за момчето.

„Таа не е толку добра како тебе“
Новите девојки на поранешните момчиња, несфатливо е како, но секогаш изгледаат „полошо“. Станува збор за женска солидарност.

„Доаѓам за 5 минути“
Тоа ќе значи половина час, но жените сфаќаат и за разлика од мажите, не очекуваат споменатите 5 минути, да се навистина толку.

„Не сум вљубена во него“
Во превод значи: „Не можам да јадам, да спијам и да правам ништо друго освен да мислам на него. Не можам да живеам без него.“




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *