Top
Pouring Water From Bottle Into Glass On Blue Background

Корисни факти за водата

Приближно 70% од телесната маса на возрасен човек ја сочинува водата. При раѓањето водата сочинува 80% телесна тежина на новореденчето.

Водата е дел од фудаменталната супстанца (протоплазма). Здрава личност може да испие максимум 48 чаши вода во текот на денот.

Брзо внесување на голема количина на вода може да доведе до „опијување“ на организмот, кое доведува до нагло покачување на крвниот притисок, поради содржината на растворениот натриум во водата, предизвикувајќи дисбаланс на содржината на вода во мозокот. „Опијување“ на организмот со вода најчесто настанува во текот на интензивни спортски активности.

Препорачано дневно внесување на вода се 2 литри на ден. Еден дел од водата во организмот се внесува не само во тежинска форма, туку и со храна или некои други напитоци. Освежителните напитоци, кафето, чајот, иако во главно содржат вода, во себе имаат и одредено количество на кофеин. Кофеинот се однесува како благ диуретик, пречејќи му на нормалниот транспорт на водата низ организмот.

Во моментот кога човекот има чувство на жед, организмот губи преку 1% од вкупната количина на вода која ја содржи. По интензивните физички напори губењето на телесна тежина на човекот оди на одредена количина на вода во организмот, а не на губиток на мастите од организмот.

Чиста вода (која ја сочинуваат исклучиво атоми од кислород и водород) има неутрална pH вредност (pH=7).

1 cm3 вода на 4C има тежина од 1 gr.

Водата раствора повеќе супстанци од било која друга течност. Спаѓа во најдобри растворувачи на хемиски супстанци, минерали и хранливи материи.

Површината на Земјата е покриена од 70 до 75 % со вода.

Поголема количина на блага вода е складирана во земјата, отколку што е присутна на површината на земјата.

Водата кружно се движи во рамка на „затворен систем“, па така ретко може да дојде до губиток на оваа материја. Истата вода која која постоела на земјата пред милион години и денес е присутна.

Од вкупната количина на вода на земјата, на луѓето им е достапно три десетини. Во оваа вода влегуваат подземните води, реките и езерата.

САД има три пати поголема потрошувачка на вода на ден од просекот за другите Европски земји и многу повеќе вода од повеќето земји во развиток.

Жителите на Македонија, по званичните податоци, дневно во просек трошат од 250 до 300 литри вода, што се оценува како „расипничко однесување“.

Просечната потрошувачка во повеќето европски земји се движи помеѓу 120 и 150 литри.

1,1 милијарди луѓе нема пристап до здрава вода за пиење, 2,5 милијарди нема елементарни санитарни усливи за нормален живот, додека поверќе од 5 милиони луѓе годишно умира од заболувања кои се пренесуваат со загадена вода, а дури 6.000 луѓе дневно умира од дијареја.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *