Top
She is truly in dreamland

Колку сон е потребен според возраста?

На сите луѓе им потребно различно време за да се одморат и да се наспијат. Додека на едни им се потребни 6 часа, на други им се потребни 9 часа.

Експертите велат дека за секое лице може да одреди колку сон му е потребен завсно од годините. До ова сознание дошол тим од 18 научници и истражувачи од медицински здруженија во САД. Тие прегледале повеќе од 300 студии кои се однесуваат на прашањето колку е идеалното време за спиење, а потоа гласале за тоа колку сон е потребен за различни доба.

Истражувачите дошле до следните реултати:

Новороденче (0-3 месеци) – 14 до 17 часа;
Бебе (4-11 месеци) – 12 до 15 часа;
Мали деца (1-2 години) – 11 до 14 часа;
Предучилишна возраст (3-5 години) – 10 до 13 часа;
Деца на училишна возраст (6-13 години) – 9 до 11 часа;
Тинејџери (14-17 години) – 8 до 10 часа;
Млади (18-25 години) – 7 до 9 часа;
Возрасни (26-64 години) – 7 до 9 часа;
Постари лица (над 65 години) – 7 до 8 часа.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *