Top
lagi_ilike-mk-jpg

Колку лажат хороскопските знаци?

Секој од нас во одредени ситуации знае да излаже. Без разлика дали тоа е со добра или со лоша намера, хороскопот има свое толкување во врска со лажењето и хороскопските знаци.

Овен
Овенот не лаже многу. Нему тоа му одзема премногу време и премногу го оптоварува криењето на вистината.

Бик
Често кријат дека имаат пари на сметка. Тоа никогаш не е вистина со припадниците на овој знак, па немојте да им верувате ниту збор.

Близнаци
Тешко можете да ги фатите во лага. Тие многу добро лажат. За да биде работата уште полоша – многу се зборливи и допадливи па нивните приказни толку ќе ве забавуваат што нема да ви биде важно дали се вистинити или не.

Рак
Кога тие лажат, тоа го прават така што ве влечат за рака, ве убедуваат дека сè ќе биде во ред и дека не треба да се грижите.

Лав
Лавовите лажењето го доживуваат како забава. Тоа го прават за да бидат забавни и за да бидат во центарот на внимание.

Девица
Ова е знак кој мрази да лаже – освен ако вистината не им стои на патот за исполнување на некоја цел.

Вага
Вагата елегантно и незабележително ви „мачка“ очи, а во тоа воопшто и да не се посомневате.

Скорпија
Омилена тема за која Скорпијата секогаш лаже е сексот.

Стрелец
Повеќето Стрелци не лажат. Нивниот знак е познат по тоа што е брутално искрен. Ако имаат причина за лажење, нема да се заплеткаат.

Јарец
Ако лаже Јарецот, тогаш знајте дека тоа го мачи. Тие презираат нечесност.

Водолија
Нивните приказни се иновативни и креативни како што се и нивните техники за лажење.

Риби
Лажат само ако нешто се обидуваат да сокријат од вас „за ваше добро“. Рибите се мајстори во избегнување на реалноста и тешко ќе ги забележите нивните лаги.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *