Top
kalorii

Колку калории треба да внесувате во еден ден?

Калориите кои ги внесуваме во текот на денот и не ги трошиме, телото ги претвора во масни наслаги. На човечкиот организам во просек му се потребни од 2-3000 калории дневно, односно кај децата и жените помалку, а кај мажите повеќе. Овие вредности зависат од голем број на фактори.

За потребите на секоја индивидуа, бројот на калории кои треба да се внесуваат во текот на денот може прецизно да се одреди со помош на т.н. Harris-Benedict-ова формула која дава резултати во зависност од полот, возраста, висината и активноста, преку пресметка на базичната метаболитичка стапка (БМС).

На следниот начин се пресметува оптималниот број на калории кои треба да се внесуваат во еден ден:

МАЖИ
БМС = 66 + 13,7 х тежината во килограми + 5 х висината во сантиметри – 6,8 х возраста во години

ЖЕНИ
БМС = 655 + 9,6 х тежината во килограми + 1,8 х висината во сантиметри – 4,7 х возраста во години

Бројот кој ќе го добиете треба да го помножите со факторот на животен стил:
– Минимална физичка активност – БМС се множи со 1,2.
– Mалку активен живот со 1-2 пати неделно вежбање – БМС се множи со 1,37.
– Умерено активен живот со 3-5 пати неделно вежбање – БМС се множи со 1,55.
– Активен живот со 6-7 пати неделно вежбање – БМС се множи со 1,72.
– Екстремно активен живот со постојан и интензивен физички напор – БМС се множи со 1,9.

Луѓето кои најнапорно вежбаат и до два пати на ден може да консумираат само за околу 50% повеќе калории од оние кои воопшто не вежбаат. Не заборавајте дека овошјето и зеленчукот, освен тоа што содржат мал број на калории, неизмерно се богати со различни хранливи материи, ја менуваат цревната флора на начин со кој го олеснува слабеењето.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>