Top
edna_e_majka

Колку и да имате години, една е МАЈКА!

Мајчинската љубов е вистински феномен. Најсилното, најмоќното и најдолготрајното чувство што може да произлезе од една жена.
Дури и кога тоа мало бебенце ќе порасне, ќе биде самостоен млад човек, дури и кога ќе стапи во брак и самото тоа ќе стане татко или мајка, дури и тогаш, секогаш, му е потребна неговата мајка.
Без разлика на тоа какви удари ќе ни зададе животот, мајката е секогаш тука да ги олесни последиците, да не утеши, да не советува да направи да се чувствуваме среќни и сигурни.

Мајката има неверојатна интуиција. Таа секогаш интуитивно знае кога на нејзиното дете му е потребна помош и е тука да му помогне, без разлика што нејзиното дете е веќе самостоен човек што знае сам/а да се грижи за себе.
Мајката е секогаш тука да се погрижи за своето дете кога е болно, но реално, не лекува толку нејзината топла супа или топол чај колку што лекува нејзината прегратка и нејзиното пристуство.
Мајката е тука да го слушне своето чедо, да ги разбере неговите чувства без да го осудува. Иако понекогаш не се согласува со одлуките на детето, таа никогаш не ги почнува речениците со изразот “Ти реков” затоа што знае дека така само ќе му отежни повеќе на детето.

Мајката е најдобриот шопинг пријател – зарем не ви се случило понекогаш да си помислиле, дека без разлика колку е вашиот маж прекрасен човек, купувањето фармерки со мама е секогаш позабавно.
Мајката е првата на листата на луѓе што ќе ја повикате доколку имате нешто да споделите. Без разлика дали е добра или лоша вест, самото споделување на веста со мајката го прави животот подобар, ја зголемува радоста кога знаете дека таа се радува искрено за вас или пак ја олеснува болката кога знаете дека неа ја боли повеќе отколку што ве боли вас.

Сакајте ја вашата мајка, посетете ја кога сте во можност, гушкајте се… Еден ден, ќе ви биде криво за сите денови кога не сте и кажале колку ја сакате!




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *