Top
Krpi_i_postelina_iLike_mk

Колку често треба да ги менувате крпите и постелнината?

Речиси сите производи доаѓаат со препорака за користење, но тоа не е случај со некои од работите кои бараат елементарно ниво на грижа при водењето на домаќинството.

Луѓето имаат потреба од различни информации кои ги употребуваат при носење одлуки, а понекогаш едноставно сакаат само да знаат одредено нешто и да не размислуваат на таа тема бидејќи не ги интересира. Затоа и не можете да најдете точен, прецизен податок, кој ќе ве упати на тоа дали треба да ги смените крпите или не. Иако, кај Американците може да се сретне препорака во контекст крпата за туширање да ја користите до 3 пати, но она што е пресудно е како вие се однесувате со крпата во меѓувреме. Дали ја сушите или ја оставате на закачалка во бањата? Влагата во крпата и во просторијата е онаа која создава поволни услови за размножување на бактериите, па ако веќе сте загрижени за хигиената, не треба да дозволите крпите долго време да останат влажни или во просторија која што има влага.

Ако пак зборуваме за постелнината, исто е како да разговараме за чаршавот на трпезариската маса. Некој ќе се поведе од правилото „зависно од приликата“, а оние попрактичните ќе настојуваат да изведат равенка. Генерално, одржувањето на хигиената подразбира дека истата ќе ја задржите и во спалната соба. Оттука, вие најдобро знаете колку таа постелнина била користена, евентуално да дојде во допир со нечистотии и да стане легло на бактерии. Во идеални услови, препораката е чаршавите да се менуваат еднаш во седмицата, но никој нема да ви замери ако сте сами и ја користите постелнината 14 дена.

Секогаш имајте го на ум златното правило за одржување на хигиената кое упатува на фреквенцијата на користење. Поинаку се одржува хигиена на јавните места, а поинаку во домашни услови. Проветрувањето и влагата секако дека играат улога и во овој случај, па затоа повторно останува сами да ја решите равенката, бидејќи само вие ги имате точните информации. Хигиената навистина е половина здравје, но не е само до редовното миење на рацете и телото, туку и до она што ве опкружува.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *