Top
spienje-spored-vozrast

Колку часа сон се потребни според возраста на детето?

Едно често прашање со кое се соочуваат многу родители е кога е вистинско време да се заспие детето? Ако децата ги легнувате премногу рано, нема да можат да заспијат, тие ќе си играат во креветот, на крајот може да станат хиперактивни и потешко да заспијат. Ако ги легнете премногу доцна, следниот ден тие ќе бидат вознемирени и тешко ќе можат го издржат денот.

Сите знаеме колку квалитетниот сон е важен за нашето здравје, а особено за здравјето на нашите деца. Бројни студии кои биле направени на оваа тема, покажале дека постојаното време на спиење и времето на јадење значително го намалуваат ризикот од дебелина во детството. Покрај тоа, една студија покажала дека предвременото легнување може позитивно да влијае на целото семејство.

● Доенчиња од 4 до 12 месеци имаат потреба од 12-16 часа спиење (вклучувајќи и попладневен сон)
● Деца помеѓу 1 и 2 години им требаат 11-14 часа спиење (вклучувајќи и попладневен сон)
●Децата помеѓу 3 и 5 години имаат потреба од 10-13 часа спиење (вклучувајќи и попладневен сон)
● Деца помеѓу 6 и 12 години треба да спијат од 9-12 часа
● Тинејџерите треба да спијат од 8-10 часа




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *