Top
Najstresnata_rabota_na_svetot_iLike_mk

Која е најстресната работа на светот?

Британските научници го мереле нивото на хормонот кортизол (хормон на стрес) кај неколку категории на испитаници во текот на еден просечен работен ден. Студијата резултирала со заклучок дека тој е највисок кај домаќинките кои воедно се и мајки.

Нити сообраќајните гужви, нити мобингот на работа со постојаните заканувања за отказ, не го подигнува хормонот на стрес како одгледувањето на децата и завршувањето на домашните работи.

Мајките – домаќинките трпат шест пати повеќе стрес отколку личностите кои работат на познатите стресни места како брокери, професори или медицински сестри. Домаќинките се „кралици на кортизолот“.

Во денешно време, од просечната жена се очекува да биде беспрекорна на сите полиња – љубов, кариера, брак, мајчинство, пријателство, да биде образована, енергична, убава и згодна, негувана, интересна полна со фантазии.

Сето тоа носи стрес, што пак предизвикува депресија, главоболка, нервоза, висок крвен притисок, пореметување на метаболизмот и многу други тешкотии.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>