Top
neverstvo

Која е главната причина за женското неверство?

Неверството за многу луѓе е показател дека нешто не функционира како што треба во бракот. Тоа значи дека е време за брачно советување. Новите истражувања го негираат општото мислење за однесувањето на мажите и жените во оваа институција.

Според студија спроведена на 100 жени, на возраст помеѓу 35 и 45 години, 67% од испитаниците признале дека ги изневериле своите мажи бидејќи посакувале повеќе романтика и страст во креветот. Неочекуван пресврт се случил кога жените биле запрашани дали некоја од нив планира да го напушти својот сопруг. Сите, односно 100% признаваат дека немаат никаква намера да ја остават својата посилна половина, но дека од време на време имаат потреба од поголемо внимание, нежност, убави зборови и страст.

Стручњаците се согласуваат дека здодевниот сексуален живот е вообичаена појава во долгогодишните врски или бракови, дека е погрешно истата да се разбива во претходно договорени или тајни афери. Додека на некои парови може да им помогне да ја зацврстат врската, за многу од нив е „почеток на крајот“. Наместо тоа, сексолозите препорачуваат искрен разговор помеѓу партнерите.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>