Top
boi_zodijak

Која боја ви носи среќа според Зодијакот?

Во зависност од хороскопскиот знак откријте која боја ви носи позитивни вибрации.

Овен: Црвена
Боја на доминација и лидерство кое е карактеристично за луѓето родени во овој знак. Оваа боја е симбол на сила, страст, храброст, активност, оптимизам и енергија. Освен тоа црвената боја аспоцира и на здравје.

Бик: Сина
Најсреќната боја за луѓето кои се родени во овој знак е сина. Оваа боја носи мир и спокојство. Сината боја отсекогаш асоцирала на трпение и спокој што одговара на личностите со овој хороскопски знак, а симболизира и искреност и верност.

Близнаци: Жолта
Асоцира на радост и леснотија, зрачи со позитивна енергија, помага да се тргнат негативни мисли и депресија. Жолтата се смета за најоптимистична од сите останати бои. Предизвикува комуникација и спонтани истражувања.

Рак: Сребрена
На Раковите среќа им носи боја слична на месечина, сребрена, елегантна сива и бела. Сребрената е симбол на хармонија и чист ум. Бела асоцира на спокој и смиреност. Сивата боја влијае на промена на расположението.

Лав: Златна
На овие луѓе среќа им носи златната боја, што не е чудно бидејќи лавовите уживаат во убави работи, а токму оваа боја асоцира на просперитет и убавина. За нив среќни бои се и портокаловата и белата. Добро е да ги носат на себе кога се под стрес поради стабилизирање на емоциите и отстранување на негативните мисли.

Девица: Зелена и кафена
На овој знак среќа му носат зелената и кафената боја. Личностите родени во овој знак треба да избегнуваат јаки бои, посебно на облеката и ентериерот, треба да се откружени со пастелни нијанси.

Вага: Светло сина и зелена
На овие луѓе среќа им носи светло плавата боја и зелената. Сината го лекува умот и носи спокој. Светло зелената помага при одржување рамнотежа на умот, а светло сината се смета за една од најдуховните бои.

Скорпија: Темно црвена
Оваа боја симболизира мистериозност а исто така асоцира и на силата и моќта на овој знак. Посебно е важно што оваа боја ги стимулира деструктивните ситуации во кои често се наоѓаат луѓето родени со овој хороскопски знак.

Стрелец: Виолетова
Виолетовата боја им носи среќа на овие луѓе. Светлите нијанси на виолетовата будат романтични чувства, а темните тонови на оваа боја асоцираат на раскош, власт и амбиција.

Јарец: Кафена боја
На нив среќа им носи кафената боја како и темните бои во нијанса на земјата. Некој може да ја смета кафената боја за досадна и тмурна, но доколку внимателно погледне ќе сфати дека тоа е далеку од вистината. Кафената боја симболизира дружељубивост и стабилност, а тоа се особините по кои се препознава Јарецот.

Водолија: Небесно сина и светло зелена
Нивна боја на среќа е бојата на океанот и на небото. Небесно сината им делува лековито. Таа ги намалува негативните мисли. Позната е и како боја на вистината. Зелената ќе им помогне да ги средат емоциите и да воспостават хармонија со умот.

Риби: Зелена и сина
За да ја зачуваат внатрешната рамнотежа, да имаат поголема самодоверба и сила на овие луѓе им се препорачува да бидат опкружени со зелена и плава боја. Исто така сребрената боја која ги неутрализира негативностите ќе им помогне да станат истрајни и трпеливи.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *