Top
Koj-povekje-raboti-iLike-mk

Кој повеќе работи – мажите или жените?

Мажите секој ден имаат половина час повеќе слободно време од жените, потврди истражувањето на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Оваа организација спроведе истражување во своите земји членки (30 главно економски развиени држави) и дојде до заклучок дека мажите имаат повеќе време за гледање телевизија, дружење, спорт и хоби, додека жените повеќе работат.

Владите и компаниите би требало да поттикнуваат еднаквост на половите – се вели во извештајот и се апелира на вложување напори, за жените да бидат еднакви.

Меѓутоа ако се земат предвид претходните извешта на оваа организација, заклучоците би биле нешто поинакви. Во претходните извештаи активностите како купување, разубавување или подолга пауза за ручек, беа пресметани како „работа“, а не како „слободно време“. Доколку и тие активности се сметаат за одмор и задоволство, тогаш еден Британец, на пример, би имал само 10 минути повеќе време за одмор од жената.

Вака, „во сила“ се податоци кои велат дека просечен Британец дневно има 32 минути повеќе слободно време од британката, германецот 22, а италијанот дури 80 минути повеќе слободно време од италијанката.

Во организацијата велат дека е важно и жените и мажите да бираат како ќе го минат своето слободно време, и дека дамите некогаш сами избираат работа, посебно кога е во прашање грижата за децата.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>