Top
Orgazam

Кој доживува посилен оргазам: жените или мажите?

Кога станува збор за оргазмот, научниците велат дека не можат да најдат некоја особено голема разлика помеѓу машкиот и женскиот оргазам. Без оглед на анатомијата на женските и машките гениталии, тие велат дека оргазмот кај двата пола е психички и физички многу сличен.

Според спроведени истражувања, жените го опшуваат оргазмот како чувство на суспензија, кое брзо преминува во интензивно, напнато и задоволувачко чувство. Чувството почнува од клиторисот и брзо почнува да се шири кон карлицата. За време на оргазмот женските гениталии се топли, наелектризирани и како да ги лазат морници. За многу брзо време овие чувства опфаќаат голем дел од телото. Повеќето од жените опишале дека чувствуваат и мускулни контракции во вагината или на долниот дел од кралицата.

Мажите својот оргазам го опишуваат како чувство кое почнува со топлина или притисок и кореспондира со неизбежна ејакулација т.е. точка кога ејакулацијата не може да се стопира. При ејакулација мажите почнуваат да чувствуваат остри, интензивни контракции, кои ги вклучуваат мускулите на пенисот, аналниот сфинктер, ректумот, перинеумот и тестисите. Дел од мажите го опишуваат овој дел од оргазмот како пулсирање. Пред ејакулација мажите чувствуваат како топла течност се движи низ каналот на нивниот пенис. Тоа е моментот кога семената течност излегува и тие се спремни за ејакулација.
Важно е да се напомене дека оргазмот и ејакулацијата не се исто. Најчесто тие кореспондираат заедно, но некогаш е возможно мажите да имаат оргазам без ејакулација.

Една од главните разлики помеѓу женскиот и машкиот оргазам е тоа што жените можат да продолжат со односот и да доживеат втор или повеќе оргазми многу кратко време по првиот. Тие треба да бидат само доволно расположени за повеќе оргазми. Од друга страна пак кај поголем процент од мажите повторна ејакулација за краток период е невозможна. Друга разлика помеѓу женскиот и машкиот оргазам е времето на траење на оргазмот. Жените имаат многу подолг оргазам. Во просек машкиот оргазам трае 6 секунди, додека женскиот може да достигне дури 20 секунди.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>