Со човечкото тело управува „внатрешен часовник“ кој е програмиран да ги следи низата дневни физички и психички циклуси, попознати како циркадијални ритми. Наједноставниот од нив ритамот на спиењето и будната состојба. Околу 6 часот наутро се зголемува телесната температура и нивото на хормонот кортизол терајќи ја гликозата во крвта за да обезбеди енергија во текот на денот. Навечер засилено се лачи мелатонин, хормон што го поттикнува спиењето.
• Три часа по станувањето вие сте на својот умствен врв, па затоа токму тогаш испланирајте ги задачите за кои се потребни поголеми умствени напори.
• Доцна претпладне координацијата ви е најдобра, па тоа е добро време да тргнете на долго возење или да направите некој мануелен потфат.
• Попладне и рано навечер помнењето е изострено до максимум, па искористете го тоа за учење на нови вештини.
• Рано навечер е најдоброто време за физички активности затоа што телесната температура и нивото на хормоните што ја поттикнуваат енергијата се на врвот. Мускулите се најтопли и најеластични, а силата и издржливоста се на највисоката точка.
Ова се генерални правила, но сосем извесно е дека секој човек има специфичности во својот внатрешен часовник, што може да ги препознае со внимателно препознавање и следење и да се раководи од нив со своите дневни активности.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!