Top
sopruga

Кои хороскопски знаци се најдобри сопруги?

Во глобала, сите жени се добри и грижливи, но секогаш постојат жени кои се издвојуваат од сите останати.

Рак
Кога ќе ја освоите жената Рак, таа ќе ве сака безусловно до крајот на светот. Нејзините чувства секогаш се интензивни и со неа ќе научите што значи кога покрај себе имаш вистинска жена. Подготвена е да направи сѐ за нејзиниот избраник да биде најсреќниот човек на светот. Покрај неа секогаш ќе живеете опкружени со вкусно јадење, удобност и внимателно уреден дом. Со ваква сопруга, мажите едвај чекаат да се вратат дома по напорниот ден. Децата за жените Ракови се нешто свето и нивните потребни се секогаш пред сопствените. Од мажите се очекува да ги мазат, пазат и да бидат искрени.

Лав
Лавицата е силна и упорна жена и жена со огромни способности. И покрај тоа, неа ѝ е потребен партнер кој ќе биде тука за најбаналните проблеми, како на пример кога ќе ѝ се заглави капачето од теглата. Таа бара маж еднаков на неа, па покрај неа никој нема да биде обичен човек, туку некој маж – Супермен. Ако се заљубите во Лавица ќе разберете дека не мора да направи нешто за да ја сакате и нема да сретнете жена која повеќе ќе ве сака. Дури и кога се лути, се лути најубаво што може, а кога бара нешто, тоа е заповед. За своите деца се бори како што доликува, баш како Лавица и секогаш ќе биде подготвена за одбрана. Тешко на оној кој ќе се обиде да им нанесе зло. Мажот треба само да ја обожава со цело срце и тело.

Јарец
Пред оваа жена секој би паднал на коленици. Силна е, може да поднесе сè и да направи огромни напори за да го направи она што го барате. Оваа дама се однесува ненаметливо и достоинствено, што на моменти нејзиниот партнер ќе се запраша дали е доволно добар. Љубовта со сопругата Јарец секогаш ќе гори интензивно, кога сите други ќе ве напуштат. Со неа секој ден ќе станувате подобар човек. Ако сте успеале да привлечете ваква жена, верувајте дека вредите многу повеќе отколку што мислите. Како мајка знае да биде строга, но праведна. Таа израснува само победници. Сè што бара од мажот е да покаже цврст карактер и истрајност.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *