Top
Koga-mazhite-sozrevaat-iLike-mk

Кога созреваат мажите?

Сигурно и вам ви звучи како клише, но мажите навистина созреваат подоцна од жените и полна емоционална зрелост доживуваат после 40-тата година. Според некои истражувања мажите генерално се незрели. Едно од нив покажува дека припадниците на посилниот пол не ја достигнуваат емоционалната зрелост сѐ до 43-тата година. Жените пак, зрелоста ја доживуваат веќе во 32-та година, односно цели 11 години пред нивните машки врсници.

Само 26% од „Генерација 1“, луѓе родени од 1980 година до 2000 година, се оженети. Според резултатите од ова истражување спроведено во 2012-та година, 36% од припадниците на „Генерација 1“ сѐ уште живеат со своите родители што главно е резултат на тешката финансиска ситуација, бидејќи логично е луѓето да не планираат брак и семејство доколу немаат финансиски услови и сигурност. Според оваа студија мажите се почесто оние кои остануваат дома со родителите, дозволувајќи нивните мајки и понатаму да се грижат за нив. 40% од мажите не сакаат да се отселат, додека во оваа животна ситуација се 32% од жените.

10% проценти од мажите повеќе ги плаши веројатноста дека ќе се оженат со погрешна личноста, отколку дека никогаш да не се оженат и засекогаш да бидат сами. За разлика од нив, жените имаат повеќе доверба во бракот и генерално повеќе им веруваат на мажите, отколку тие на нив.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *