Top
Idealno-vreme-za-pienje-kafe-iLike-mk

Кога е вистинско време за пиење утринско кафе

И покрај фактот дека голем број луѓе своето прво кафе го пијат во моментот по станувањето од кревет, научниците тврдат дека постои многу подобро време.

Утринското кафе е задолжителен ритуал на многу луѓе во светот посебно во нашите краишта, но најновите истражувања покажаа дека наутро е погрешно време за овој мал и вкусен ритуал.

Ако се верува на научниот канал ASAP Science, кафето рано наутро нема никакво влијание на нашето тело и тоа заради кортизолот – хормон кој делува како одговор на стрес и има природно високо ниво три пати дневно, а првиот удар е во раните утрински часови.

Кофеинот му пречи на неговото природно производство и телото почнува да го произведува помалку, мислејќи дека кофеинот ја надополнува разликата.

Нивото на падот околу десет часот е знак дека кофеинот навистина врши работа и првото утринско кафе би требало да се пие меѓу 10 и 12 часот, а попладне е совршено време меѓу 14 и 17 часот.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *