Top
majka-i-kerka

Ќерките поминуваат двојно повеќе време со старите родители

Грижата за старите и изнемоштени родители најчесто е должност на нивните деца, но во истата многу подобро се снаоѓаат женските деца кои им посветуваат двојно повеќе внимание отколку синовите.

Едно истражување спроведено од Универзитетот Princeton во Америка, на 26000 луѓе, вели дека родителите повеќе се надеваат на нега од нивните ќерки отколку од синовите. Без разлика дали станува збор за делумно или комплетно подвижни стари лица, ќерките им посветуваат повеќе внимание и им посветуваат повеќе од своето време.

Женските лица во просек поминуваат минимум 12.3 часа месечно со своите родители, додека машките поминуват околу 5.6 часа. Едно од објаснувањата за ваквите резултати е дека жените се поемпатични, а и грижата за други лица традиционално се смета за женска должност. Грижата за родителите за многу е и голем финансиски товар, но и нешто што го сметаат за должност кон луѓето кои истото го правеле за нив. Ќерките се поодговорни, почувствителни и многу подобри во негата на своите родители, посериозно ги разбираат и задоволуваат потребите и барањата на своите родители.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *