Top
rodeni-vo-dekemvri

Карактеристики на луѓето родени во декември

Луѓето кои се родени во декември се родени во знакот на Стрелец или Јарец. Едно истражување покажало дека во текот на детството овие луѓе се многу помирни и подисциплинирани. Нивен камен е тиркизот, кој се смета за еден од најстарите во историјата. Познат е како симбол на мудроста и заштитата, а според бројните верувања носи моќ и среќа.

Луѓето кои се родени во декември се делат во четири групи.

01-08 декември
Основа на нивниот живот е стабилноста и доследноста. На некои на прв поглед им изгледаат на малку арогантни, но всушност се полни со здрава самодоверба, поради која емотивно слабите луѓе нив ги доживуваат како надмени. Имаат изразена храброст и се многу друштвени.

09-15 декември
Доколку ви е потребен конструктивен разговор или рамо за плачење, личностите родени во овој период со сигурност ќе ви помогнат. Одлични се во давање совети, силни се и без проблем се снаоѓаат кога ќе наидат на некоја животна препрека. Снаодливи се при решавање на проблеми. Одлично посветени се и на остварувањето на своите цели.

16-22 декември
Овие личности како да се родени под среќна ѕвезда. Тие се независни индивидуалци кои веруваат во слобода и живеат живот според свои правила. Не ги интересираат туѓите ставови и мислења. Одлично се снаоѓаат во работи кои бараат добра концентрација. Имаат развиена смисла за мода и со своите разиграни комбинации на облека секогаш привлекуваат внимание.

23-31 декември
Нема да најдете повеќе оптимистични луѓе од оние кои се родени во овој период. Многу се емотивни и друштвени, а резултат на таа комбинација е големата посветеност кон фамилијата и пријателите. Кога е во прашање пријателството многу се пребирливи и не пуштаат лесно нови луѓе во својот мал круг на блиски пријатели. Креативни и полни со одлични идеи. Обожаваат патувања.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>