Top
majka_i_kerka

Карактеристики кои ќерките ги наследуваат од своите мајки

Секоја жена, порано или подоцна, станува иста како и нејзината мајка. И науката покажува дека женските деца од нивната мајка наследуваат одредени карактеристики и навики.

Секоја ќерка, од нејзината мајка, ги наследува овие три карактеристики.

Интелигенција
Современите истражувања покажаа дека поголеми се шансите дека ќе ја наследите интелегенцијата од мајката. Двојно поголема е шансата интелегенцијата да се наследи од мајката отколку од таткото. Со јасен ум, ќерките преку своето образование, ги стекнуваат истите ставови и размислување, како и нивните мајки и со текот на времето почнуваат да личат на нив.

Навики
Гените немаат никаква врска со навиките. Станува збор за воспитување и копирање на однесувањето на мајката несвесно. Како девојче, ја гледаме мајка си, како поминува преку различни животни ситуации и фази, и како таа се однесува е во такви ситуации. Поголемиот дел од навиките и практиките на мајката ги наследуваме, и со текот на времето, се забележуваме самите себеси, дека таа на нас ни ги има предадено свесно или несвесно своите навики.

Млад дух
Научниците велат дека начинот на кој старееме е контролиран од генот што го добивме од нашите мајки. Доколку нашата мајка е со млад дух, огромна е веројатноста да прераснеме и ние во таква жена.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *