Планетите во хороскопот, сонцето и месецот, влијаат на сите нас. Затоа, седумте дена во неделата имаат одредено значење според влијанието на планетата која владе во тој ден. Ако сте родени во среда сте остроумни, а во петок се раѓаат шармантните.
Понеделник: ден на Месечината
Добар ден за социјални и работни контакти, како и контакти со семејството и пријателите. Тоа е ден кога треба да се однесувате со почит кон сопствените емоции, затоа што ништо не се менува побрзо од месечината и емоциите.
Вторник: ден на Марс
Во вторник добивате дополнителна сила и енергија. Добар е за почеток на нешто ново, за совладување на препреките во животот. Не запаѓајте во смешни конфликти, затоа што до нив најлесно се доаѓа во овој ден.
Среда: ден на Меркур
Одличен ден за интелектуални работи – учење, пишување, читање, како и за комуникација преку интернет, телефон, за праќање електронска пошта.
Четврток: ден на Јупитер
Јупитер, како крал на планетите, ги нуди решенијата на големите проблеми. Со помош на позитивниот став можете да постигнете многу.
Петок: ден на Венера
Овој ден завршува работната недела и започнува викендот. Завршете ја работата тактично и на сопствено задоволство, па потоа можете да му се радувате на викендот. Ова е идеален ден за љубов, нежност, романтика.
Сабота: ден на Сатурн
Сатурн спречува работите да излезат од контрола. Тоа е ден кога треба да го забавите темпото и да се занимавате со нешта за кои вообичаено немате време во текот на неделата.
Недела: ден на Сонцето
Погоден ден за покажување љубезност и великодушност. Обидете се да бидете подобра личност, онаква каква вашиот знак, односно сонцето бара од вас да бидете.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!