Top
vo-brak

Какви се мажите во бракот според Зодијакот?

Хороскопот секогаш знае да открие по некоја голема вистина. А, што велат ѕвездите кога во прашање е изборот на брачен партнер, односно какви се мажите во бракот според припадноста во Зодијакот?

ОВЕН
Мажот роден во знакот на Овен е амбициозен, вреден и постигнува големи успеси. Сите негови планови и комбинации за успех секогаш го вклучуваат и брачниот партнер. Тој сака женствени, интелигентни и нежни жени, со нагласен ерос, облини и заводлив изглед. Ако му се предаде кормилото од бракот и жената му попушта речиси за сите работи тој ќе биде добар и внимателн сопруг, но често неверен.

БИК
Мажот роден во овој знак е многу толерантен, ги сака домот и семејството. Единствената сериозна маана е неговата силна тврдоглавост. Совршен е како сопруг и неизмерно ги сака децата. Не дозволува да биде командуван. Најдобро ќе го придобиете со ласкање и пофалби. Не зборува за љубовта, туку ја покажува со дела. Најмногу ќе го привлече жена која го сака домот и фамилијарниот живот и за таква дама подготвен е на жртви.

БЛИЗНАЦИ
Мажот Близнак често знае да го менува своето расположение, но, ретко кога е намуртен или незадоволен. Во младоста, Близнаците сакаат да се опкружени со што повеќе жени. Кога од многуте ќе избере една, и го подарува целото време и внимение, но не би рекол „не“ на некоја повремена авантура, доколку му се укаже прилика за тоа. Во бракот, сака неговата избраничка да има интереси исти како неговите. Сака да ги наметнува своето мислењо и волја. Жените на мажите Близнаци во најголем број се задоволни сопруги.

РАК
Мажот кој е роден во овој хороскопски знак е многу романтичен. Често има комплекс на ниска вредност бидејќи ретко кој Рак е задоволен од својот изглед, што е сосем неоправдано, оти често е прилично добро граден, симпатичен и ценет од понежниот пол. Како сопруг е неверојатно добар. Во бракот, има големо разбирање и толеранција за сопругата и децата. Приврзан е за домот и сака што повеќе време да поминува таму. Жените кои ќе се омажат за Рак ќе добијат посветен сопруг, грижлив татко и забавен сопатник.

ЛАВ
Мажот Лав сака да наредува и мрази да му наредуваат. Инаку, многу е нежен и со големо срце, поради што е и добар сопруг. Секогаш е посветен на своите обврски. Често знае да ја израдува својата сопруга. Меѓутоа, може да се случи да не ја израдува, кога таа најмногу очекува, како на пример, да заборави да и купи подарок за годишнината. Ако Лавот се ожени со жена од хороскопскиот знак Овен, Стрелец или Девица, ќе реализираат многу добра брачна заедница.

ДЕВИЦА
Мажот Девица е со силен карактер, како на работа, така и дома. Способен е да ја освои секоја жена со неговата фантастична смисла за хумор. Мажот Девица, по својата природа воопшто не е романтичен. Кога ќе се врзе за една девојка и се ожени за неа, знае да биде верен сопруг и добар пријател, доколку својата избраничка ја сака со цело свое срце. Во заедништво, вложува максимални напори за да биде одличен љубовник, сопруг и татко.

ВАГА
Мажите родени во знакот на Вага делуваат неодоливо за спротивниот пол, иако често не се свесни за тоа. Ги одбегнуваат жените кои започнуваат кавги и уживаат во нив. Не се спремни за какви било конфликти, па често знаат да ги напуштат врските без збор. Доколку пронајде жена со која ќе може да се разбере без повишување на тон и секојдневни расправии, мажот Вага во брак е верен сопруг и пожртвуван татко.

СКОРПИЈА
Мажот Скорпија ги сака бракот, животната сопатничка и децата. Но, често се случува стресот од работното место да го донесе и дома, што понекогаш знае да предизвика тензија и проблеми во домот. Доколку наиде на жена која ќе го разбира ваквото негово однесување, тој ќе и одговори со внимание и љубов. Мажот Скорпија ги сака викендите поминати со семејството и има фантастична смисла за хумор.

СТРЕЛЕЦ
Мажите родени во знакот на Стрелец често ги менуваат партнерките, но, само додека не стапат во брак. Кога ќе стапат во брак со жената која ја обожаваат, стануваат посветени сопрузи кои ги опсипуваат саканите со комплименти и внимание. Поради нивната духовитост и харизма, се идеални партнери. Но, доколку во кој било момент, поради одредени причини заедничкиот живот стане неподнослив, тие веднаш, без размислување се одлучуваат за развод.

ЈАРЕЦ
Мажот роден во овој знак е љубезен и полн со разбирање за својата сопруга, семејството и пријателите. Ако најдат добра и посветена жена, тие се идеални мажи за брак. Иако во младоста, може да делуваат несериозно и неверно, кога ќе создадат фамилја, тие се максимални посветени на неа. Во брак, Јарецот е приврзан сопруг, нежен татко, љубезен и секогаш подготвен на сè за своите најмили.

ВОДОЛИЈА
Мажите Водолии често се плашат од обврските кои ги носи бракот, па, затоа често се случува во брак да стапат и во подоцнежни гоодини. Но, доколку стапат во брак со личност која им одговара и знае да ги прифати нивните лутања со мислите ќе имаат среќен брак. Често знаат да им се препуштат на мислите за професионалниот живот, но, ако партнерката сака хармоничен брак, на ова не би требало да гледа како на маана или проблем.

РИБИ
Мажот Риби е незаменлив како сопруг, само доколку го гледате светот со неговите очи кои понекогаш работите ги гледаат во нереална рамка. Тие се романтични сонувачи, па често изгледаат и како недостижни. Ако партнерката му се приближи на правиот начин, ќе сфати колку е прекрасно што ќе остари покрај ваков маж. Мажот роден во овој хороскопски знак секогаш сака да им помага на другите и тоа е една од неговите најдобри карактеристики. Често знае да биде молчалив и да предизвика дилеми кај партнерката, но, тоа не треба премногу да ги загрижува дамите, бидејќи мажот Риби дури и сред најголемата бура ќе се бори да го сочува бракот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>