Top
emocii

Каков темперамент има секој хороскопски знак?

Постои нешто што секој хороскопски знак го прави уникатен согласно неговите карактерни особини.

Овен
Овој хороскопски знак е нема голема трпеливост, а најчесто непочитувањето на редот и мирот е доволно за да се вознемири.Тој не бира средства со кои ќе ја оствари целта, но од друга страна, лесно може да се смири.

Бик
Трпеливоста на Бикот е негова главна карактеристика, но не се препорачува намерно да се предизвикува овој хороскопски знак. Во тој случај тој ќе се истури на вас, и ќе ви ги каже сите нешта кои ги мислел и собирал.

Близнаци
Луѓето родени во знакот Близнаци се особено позитивни и најпрво ја користат дипломатијата како средство за решавање на било каква ситуација. Многу лесно задаваат ниски удари, и со тоа се способни да повредат било кого, доколку некој ги повреди нив.

Рак
За него карактеристична е добрината и тоа што во себе ги чува своите емоции, што не секогаш е добро. Тие не сакаат да создаваат проблеми и да учествуваат во караници, поради што се многу толеранти.

Лав
Лавот е особено импулсивен и може да биде особено егоистичен. При напад, често знае да се постави особено критички, но сепак неговата лутина не ја достигнува онаа на Оовенот.

Девица
Девицата е смирена, рамнодушна и многу успешно ги контолира емоциите. Не сака да изгуби во ниту една расправија, не поднесува пораз и често знае потајно да провоцира.

Вага
Бесот вистински го покажуваат само кога се караат со некој близок. Најчесто прават дрски потези при карањето, но сепак пред луѓе кои не се нивните најблиски, никогаш отворено не го покажуваат своето лице. Лесно се навредуваат.

Скорпија
Исто како и Девицата, лесно провоцира и ја покажува својата слабост. Овој знак подоцна знае да си замери сам на себе за тоа. Сакаат да постават граници, и лесто го покажуваат својот темперамент.

Стрелец
Не ги почитуваат чувствата на другите и многу лесно нивните караници преминуваат во солзи. За нив е карактеристично тоа што имаат цврст став, а не треба да реагираат брзо, на новодонесени одлуки.

Јарец
Јарците се грижат за туѓите емоции. Тие се трудат да прават отстапки, особено се емотивни, анализираат и внимаваат на другите околу нив. Нив им е потребно време за да можат да се смират.

Водолија
Овој хороскопски знак не сака никакви ограничувања, и нема доза на самокритичност кон самиот себе. За нив е многу важно сами да имаат контола врз себе и лесно простуваат, онака како што и брзо се лутат.

Риби
Овој знак е познат по неговата голема чувствутелност и сакаат да ја смират секоја непријатна ситуација. Не сакаат нивните чувства да се повредени и познати се по малата театралност која ја имаат.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>