Top
Zaveduvanje-iLike-mk-F

Хороскоп: Како заведуваат мажите и какви се во кревет?!

ОВЕН
На неговото ласкање му нема граници. Може да ја заведе жената во рок од секунда, но кога ќе се вљуби, на својата партнерка на многу уникатен начин знае да ѝ ги искаже своите чувства. Сака да си игра и да доминира, премногу е љубоморен, а сепак си ја сака својата слобода. Спонтан е и забавен, а во интимните моменти е директен во својот настап. Сака да води љубов на најразлични места. Страстен е и импулсивен љубовник. Поседува одлична физичка кондиција, а сексот со него секогаш е различен и интересен. Премногу добро умее да го одвои сексот од љубовта.

БИК
Достоинствени се и имаат преголема самодоверба. Ги почитуваат своите партнерки и се нежни љубовници, како и подеднакво страсни. Премногу се сензуални и имаат трикови како да ја задоволат својата жена. Го сакаат комфорот и совршената атмосфера. Никогаш не се откажуваат од жената која ги привлекува. Најдобри љубовници се тогаш кога се целосно посветени на една партнерка и кога неизмерно ја сакаат. Не се перверзни ниту склони на силни експериментирања.

БЛИЗНАЦИ
Тие ги ценат жените и премногу се внимателни со нив. Природно се надарени во полето на сексот. Иако не се романтични, тие можат да ве освојат и задоволат со само еден збор. Не ја сакаат монотонијата во сексот и интимните моменти со нив можат да бидат премногу интересни. Ја сакаат едукацијата, па често читаат еротски магазини, а ги привлекува и порнографијата. Сакаат да експериментираат со повеќе партнерки.

РАК
Го привлекуваат жените кои се жртви, оние на кои им треба помош. Поседува огромна харизма и интелект и во состојба е да направи скоро сè кога е вљубен. Се труди во целост да ја задоволи својата партнерка. Има нагласена имагинација и свои тајни на заведување. Но, како поминува времето, така тој станува премногу посесивен и љубоморен и тоа во голема мера. Ова може да биде причина за нарушување на љубовта и страста.

ЛАВ
Тој има огромна самодоверба и плени со својата појава. Обожува кога добива комплименти, премногу е дарежлив и сака да доминира. Го сака сексот и ја сака слободата во него. Знае да направи разлика помеѓу секс и љубов, но кога искрено ќе се вљуби тогаш ги покажува своите способности во најдобро светло. Сака да експериментира, ама не е претерано креативен. Често менува партнерки и тешко е да се задржи. Тој е верен се додека страста е силна.

ДЕВИЦА
Тој е златна средина, ниту добар, ниту лош. Има потреба од совршенство, но не е усогласен со својата сексуална природа. Директен е и не се носи најдобро со експериментирањето и изненадувањата. Се обидува да ја задоволи сексуално својата партнерка, но не е воопшто иницијативен. Сака кога партнерката доминира и онаа која ќе одговара на неговите хигиенски критериуми. Повеќето од нив се верни.

Zaveduvanje-iLike-mk

ТЕРЕЗИЈА
Тој е освојувач, огромен заводник и неверојатно шармантен. Експерт во флертување и заведување. Него ретко кој може да му каже не! Ужива долго во предиграта и за него сексот е најубавото нешто во кое тој целосно ужива. Тој е сензитивен и романтичен и потребно му е разбирање, љубов и пријателство. Не спаѓа во групата на верни мажи, но умее да ја направи секоја љубов посебна.

СКОРПИЈА
Тој е најголемиот љубовник. Сексуалното искуство со маж роден во овој знак, засекогаш се памти. Премногу е мажествен, страстен и непредвидлив. Има силна сексуална енергија и е издржлив, но исто така тој е перверзен, љубоморен и посесивен. Спаѓа во групата на неверни и неодоливи мажи. Тој е совршен љубовник кој во целост знае да ја задоволи својата партнерка.

СТРЕЛЕЦ
Тие се опуштени, духовити и мистични кога е сексот во прашање. Сакаат да флертуваат и да освојуваат, а поради тоа си ја сакаат својата слобода и не се способни за поголемо зближување. Спонтани се и во момент ги препознаваат желбите и потребите на партнерките. Обожуваат да водат љубов на необични места или во исто такви околности.

ЈАРЕЦ
Тој е амбициозен, стабилен и верен маж кој дава сигурност и стабилност, но со него не постои гаранција за целосно уживање во креветот. Премногу е затворен и не е заинтересиран за експерименти. Но, тој е морален и не е склон кон паралелни врски. Кај него е нагласена сексуалната енергија која често преминува во должност.

ВОДОЛИЈА
Станува збор за најинтересен примерок. Потребно е со партнерката да доживее интелектуален спој, без тоа нема ни секс ни љубов. Тој е опуштен, не е посесивен и е премногу пријателски настроен. Сака различни искуства и обожува да експериментира, сака кога партнерката ќе превеземе иницијатива бидејќи е по малку пасивен. Непредвидливоста е негова најдобра особина. Тој е совршен љубовник за онаа која сака дискреција и доверливост.

РИБИ
Тој е срамежлив, романтичен, несигурен во себе, емотивен и премногу страстен. Умее да заведе бргу, но негова мете се само доминантни жени. Совршен е на почетокот на врската, и премногу лесно ги покажува своите емоции во моментите на страст. Во сексот е креативен, внимателен и желен за возбуда. Не умее да го одвои сексот од љубовта. Не е склон кон авантури, но може да се случи да измами.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>